Друштвената мрежа официјално ја објави својата Мessenger апликација за Windows само неколку часа откако израелскиот блог TechIT објави линк за симнување на апликацијата.
Facebook Мessenger за Windows е апликација преку која може да си четувате со пријателите и да ги следите постовите и активностите преку Ticker. На апликацијата ги имате и нотификациите, како и директните пораки и поканите за пријателство. Aпликацијата може да ja симнете од официјалната страна или од следниов линк.
Апликацијата е корисна бидејќи е алтернатива за лошиот веб чет на Facebook и страничниот таб каде се излистани пријателите. Како посебен Windows клиент ќе може да разговарате ќе можете да го проширите прозорецот на кој четувате, ќе може да отворите неколку таба во прозорчето за четување со различните пријатели и да ги следите сите нотификации додека сурфате, и без да дремете на страната на Facebook. Има и опција да го прикачите Facebook Messenger и како страничен бар на вашиот десктоп.
Треба да знаете дека штом ќе се логирате еднаш на Windows клиентот ќе останете логирани и доколку се одлогирате преку прелистувач, односно бидете внимателни бидејќи некој ќе може да ви ги прочита дискусиите со пријателите. Facebook вели дека ве одржува логирани со цел да ви ги достави нотификациите и разговорите директно на десктопот. За да се одлогирате, кликнете со десниот клик на глувчето врз логото на апликацијата која се наоѓа во таскбарот, односно до часовничето на Windows.
Facebook најави дека работат на тоа да додадат нови опции пример четување со повеќе пријатели, видео повици, едитирање на опции, лимитарање на достапноста преку чет итн.









instalirav go ukl avtomatski se isklucuva :@Зоран Д.