0 коментари 2 мин. читање 30 декември, 2011

Корисниците го предомислија GoDaddy, сега сервисот е против SOPA

GoDaddy не само што не го поддржува SOPA, туку и сме против предлогот, вели сервисот за домени кој се предомисли oткако забележа голем трансфер на домени од нив на други сервиси од страна на гневните клиенти.

Корисниците му се налутија на GoDaddy откако се дозна дека сервисот е на листата на поддржувачи на предлог-законот Stop Online Piracy Act, кој доколку се изгласа може да резултира во интернет цензура во САД.

„Go Daddy и се спротиставува на SOPA бидејќи легислативата не ги исполнува основните побарувања за креирање на концензус меѓу инвеститорите од технолошките и интернет заедници. Нашата компанија жали што изгуби клиенти, кои ни остануваат најголем приоритет, и се надеваме да ја поправиме врската и да ги освоиме назад бизнисите со тек на времето.“, вели новиот директор на GoDaddy, Варен Аделман.

Со SOPA им се овозможува на големи компаниии и на властите да им наредат на интернет провајдерите да гасат цели сајтови заради пиратска содржина, дури и ако поголемиот дел од содржината на тој сајт е легална. Ќе се бара и од интернет провајдерите да го мониторираат сиот интернет сообраќај на сајтовите. На SOPA и се спротиставија куп ИТ гиганти како Mozilla, Google, PayPal, eBay, Twitter, Netscape, Wikipedia и други.

Моментално SOPA се наоѓа пред американскиот Конгрес кој е на зимски одмор. За легислативата ќе се гласа по Нова Година.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top