Швајцарија ќе има проблеми! Главниот дизајнер на Apple го најави iWatch

во Хардвер

Џони Ајв, култниот дизајнер кој стои за iPhone и iPad, го најави паметниот часовник на Apple во интервју за New York Times. Но, г. Ајв не ги откри деталите за iWatch, туку наговести дека Швајцарија, како синоним за пазарот на часовниците, ќе добие вистински конкурент.

„Според дизајнерот кој работи во Apple, Џонатан Ајв, во пофалбите како iWatch станува кул, тој на шега рече дека Швајцарија ќе има проблеми – иако тој одбра многу похрабар термин од ‘проблеми’ за да објасни што мисли за нацијата на часовничари која ќе има конкурент како часовник од Apple“.

Часовникот на Apple ќе биде претставен на големиот настан закажан за 9-ти септември во Купертино, Калифорнија. Типично за таинствениот Apple нема многу точни детали за часовникот, но се очекува дека ќе биде комбинација од фитнес уред и моден аксесоар. Компаниите кои први ги претставија паметните часовници, главно Samsung, LG и Motorola, беа критикувани што нивните уреди се практични, но и грди што е проблем кога се работи за часовниците кои служат како моден детаљ. Затоа се очекува од Apple, кои секогаш биле свесни дека дизајнот мора да биде допадлив на око, да ги воведе паметните часовници во мејнстрим пазарот.

Текстот на NYT се фокусира на како технологијата ќе се интегрира во модата, и во него се вели дека „поголемиот дел од преносните уреди се многу, многу грди“. Но, и додава дека „ако некој може да ја промени перцепциајта тогаш тоа ќе биде Apple“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments