0 коментари 2 мин. читање 4 септември, 2014

Facebook ја претстави алатката Privacy Checkup

Facebook ја претстави алатката Privacy Checkup, која ќе ви овозможи да извршите анализа на достапноста на вашите информации на друштвената мрежа и ќе ви го олесни процесот на поставување на правила за споделување на вашиот следен статус или фотографија.

Алатката е прилично едноставна, се состои од три чекори кои паралелно ви овозможуваат да прегледате со кого споделувате и по желба да ги измените опциите. Процесот ве води од сетирање на опција за споделување на статус, линк или фотографија па се до преглед на тоа кои апликации ви се поврзани со вашиот профил.

Пристапот до оваа алатка ќе биде преку иконата за приватност во горниот десен ќош.

Во момент кога приватноста на интернет е доста дискутирана тема заради украдените фотографии на Џенифер Лоренс, Кејт Аптон и другите ѕвезди, Facebook се чини дека го прави правиот чекор и им помага на корисниците да ја зајакнат контролата над своите податоци.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top