Google и HTC го подготвуваат следниот Nexus таблет кој ќе доаѓа со Bluetooth тастатура

во Хардвер

Google и HTC веќе работат на следниот 8-инчен таблет компјутер кој доколку продолжи трендот со имињата од последните неколку години ќе дојде под името Nexus 8. Двете компании соработуваат и на додаток покривка со тастатура за таблетот. Тоа што ќе го разликува Nеxus 8 од останатите уреди е Bluetooth тастатурата која ќе биде во пар со таблет комјутерот. Тастатурата е „скриена“ во покривката на таблет компјутерот, која по потреба може да се користи и за потпирање на таблетот кога стои исправен. Тастатурата ќе доаѓа со 240 mAh батерија која ќе се користи за напојување на потребите на тастатурата.

Додатокот ќе биде со димензии 228х320х5 mm и е можен показател дека Google ќе се обиде посериозно да ги презентира таблет компјутерите како уреди на кои може да се работи, вели Аndroid police. Нешто слично направи Microsoft со Surface таблет компјутерите, кои беа претставени како конкуренти на лаптопите, но за жал компанијата имаше проблем да ги убеди корисниците во продуктивноста при работа со таблет компјутер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk