Од 9 до 11 август еден од најголемите производители на паметни телефони и опрема за мрежна инфраструктура Huawei одржа конференција за развивачи. Настанот го носи името „Развојна конференција на Huawei“ и на него 600 техничари на компанијата се сретнаа со 6 000 развивачи и партнери.
Кога се во прашање обидите да се привлечат што е можно повеќе девелопери на платформите на Huawei веројатно најважни се бројките. Huawei е втор најголем производител на паметни телефони, откако компанијата неодамна го помина Apple по бројот на продадени уреди. Она што веројатно е импресивно е самиот период во кој компанијата го направи овој скок. Во 2010 година Huawei беа речиси анонимни како производител на паметни телефони. Компанијата во овој период успеа некако да продаде 3 милиони уреди, бројот на продадени уреди на пазарот тогаш го ставаа Huawei во производителите кои на графиците вообичаено беа одбележани како „останати“. Досега, во 2019 година, компанијата успеа да продаде 118 милиони телефони, 68 пати повеќе од пред 9 години и 17,6% од вкупниот пазар. Пред Huawei по продажбата на паметни уреди се единствено Samsung.
Уредите на Huawei се достапни во 170 милиони држави, а заедно со таблет компјутерите, паметни часовници, лаптопи и слични уреди, Huawei има 530 милиони корисници.
HarmonyOS и Android EMUI 10
Веројатно она што најголем дел од нас нѐ интересира е кој е одговорот на компанијата кога се во прашање санкциите на САД и оперативниот систем Android, но и Windows. На конференцијата Huawei покажа два оперативни системи, HarmonyOS и Android EMUI 10, кои не се замена ниту за Android, ниту за Windows.
HarmonyOS иако шпекулациите го поставија како замена или алтернатива на Android и iOS, сепак не е тоа. Станува збор за оперативен систем за различи уреди, од телевизори до преносни компјутери и часовници. Honor Vision е паметен телевизор и е првиот уред кој доаѓа со новиот оперативен систем. Honor Vision сепак е многу повеќе од паметен телевизор, па можеби не е сосем фер да го нарекуваме вака. Станува збор за уред кој истовремено е одговор на Huawei на Alexa и Google Home и треба да претставува центар на паметниот дом. Со HarmonyOS сите уреди се поврзуваат и се управуваат преку телевизорот.
“HarmonyOS поврзува сè, и ја отвора вратата на пазарот вреден милијарди долари. Системот нема да биде само минлива револуција, ќе стане катализатор за сите идни технологии. Huawei ќе направи голем напор да внесе иновации во нашите клучни технологии, особено чипови и оперативни системи. На сите начини ќе се обидеме да ги надминеме главните проблеми во овој бизнис, со што ќе го олесниме животот и работата на сите наши клиенти и програмери“, дополни Ричард Ју, извршен директор на Huawei.
Android EMUI 10 е Android рескин на Android 10 Q.
Со оваа надградба ќе дојдат 3 промени:
- UX дизајн,
- Уредување и менаџмент во галеријата
- персонализирано корисничко искуство (тема, различен „wallpaper“ и фонтови)
- подобра функционалност кај системските анимации, игрите и видео репродукција.
Сопствениците на Huawei P30 Pro ќе бидат првите што ќе имаат можност да го испробаат новиот EMUI 10. Интерните тестови за EMUI10 започнуваат на 8 септември.
Нови алатки и поголема поддршка за девелоперите
Ако развивате или планирате да развивате за Huawei уредите, добра вест е дека компанијата најавува поголема поддршка за девелоперите. Дел од поддршката се нови поразновидни алатки, а дел се и нови можности кои се отвараат со хардверот.
HiLink & LiteOS треба да помогнат во развојот на апликации за унифициран паметен дом. HiLink е протокол со отворен код кој ги поврзува домовите и е своевидна верзија на интернет за интернет на нештата. Овој протокол е достапен преку LiteOS оперативниот систем. Овој опративен систем ќе доаѓа во чиповите кои ги произведува компанијата. Сите партнери на компанијата ќе можат да ги искористат овие чипови во своите пмаетни уреди, на пример клима уреди, паметни фрижидери и слично.
За сѐ ова да може да функционира и да се спои е потребен Huawei паметен рутер преку кој уредите се поврзуваат со HiLink. Рутерот ќе биде претставен подоцна, а компанијата ветува дека нема да чини над 100 долари.
„Најпрво ќе воспоставуваме протокол со отворен извор (HiLink) и ги охрабруваме сите производители на уреди за домаќинства да го користат овој протокол. Веќе имаме партнерства со многу кинески производители на уреди за домаќинства“.
Ако сте девелопер и ве интересира што треба да знаете за LiteOS, Huawei вели дека Maple JS има исто ниво на оперативна ефикасност како C.
Секако најголем дел од девелоперите кога Huawei е во прашање се позаинтересирани за паметните телефони и екосистемот околу оваа мобилна платформа. Ако сте дел од оваа група веројатно дел ќе бидете позаинтересирани за дел од следниве податоци:
- Апликацијата In-app Purchase (IAP) е достапна во повеќе од 140 земји
- HUAWEI AppGallery генерира над 1 милијарда преземања на апликации надвор од Кина
- Над 280 милиони теми се преземаат надвор од кинескиот пазар годишно
- Прелистувачот на HUAWEI достигна 100% раст на месечно ниво од неговото лансирање надвор од Кина во март 2019 година
- HUAWEI Видео ќе ја отвори својата функционалност WiseVideo за партнери во содржина за да обезбеди оптимизирано видео искуство за корисниците
- HUAWEI Music & Assistant ќе биде глобално промовирана во 2019 година со врвни партнери
Што се однесува на корисниците веројатно најдобрата вест за нив е дека Huawei започнува со партнерски договори со креатори на содржини. Компанијата објави дека постигнале договор со Филмин и над 9000 филмови, 248 серии ќе бидат достапни за корисниците на Huawei во Шпанија.