Дали Тим Кук го убеди Доналд Трамп дека трговската војна со Кина е опасна и за САД?

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Претседателот на САД викендов разговараше со директорот на Apple, Тим Кук. Дел од разговорот се и трговските санкции кон Кина и „одговорот“ на Кина на овие санкции.

Тим Кук на претседателот му предочи дека поради санкциите на Apple ќе му отежнува да се натпреварува со Samsung на пазарот. Г. Трамп вели дека аргументите на г. Кук се издржани, и Трамп размислува што може да се направи. Царината од 10 отсто требаше да стапи во сила од 1 септември. Сепак за дел од производите како техничка роба, обувки и облека, оваа мерка ќе биде одложена 3 месеци.  Вкупната вредност на производите кои ќе беа зафатени со царината, пред одлагањето е 300 милијарди долари.

Ако не се пронајде решение производите кои во САД ќе влегуваат од Кина (тука влегуваат и Air Pods, Apple Watch, Home Pod) ќе бидат подложни на царина од 10%, пренесе Reuters. Царинските стапки всушност ќе важат за сите уреди кои се произведуваат или склопуваат во Кина, што важи за сите производи на Apple.

За разлика од Кина, Јужна Кореја и САД постигнаа договор и производите од Јужна Кореја не подложат на оваа царинска стапка. Ова значи дека Samsung ќе може да продолжи да ги продава овие производи по исти цени, со што ќе стане поконкурентен.

Следната етапа во подигањето на царините е 15 декември, тогаш треба да биде променета царината за некои уреди како iPad, MacBook и iPhone.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments