Што вели Европа за ИТ во Македонија?

во ИТ.МК

{mosimage} Македонија доби позитивен извештај и препорака за почеток за преговорите за влез во ЕУ од Европската Комисија. Извештајот можете да го прочитате тука, а подолу ќе најдете што вели Комисијата за тоа каков е напредокот во информатичкото општество
и авторските права во Македонија.

За ИТ во извештајот пишува дека има голем напредок, додека за авторските права се вели дека и покрај построгите мерки, сепак не се сработува доволно.

Електронска комуникација и информатичко општество

Има добар прогрес во областа на електронската комуникација и информатичка технологија, вели Комисијата. Тоа што е добро е што Парламентот одобри национална стратегија за следната генерација на широкопојасен интернет. Во извештајот пишува и за тоа што Агенцијата за електронска комуникација одобри втора 3G лиценца, се започна и развојот на дигитална телевизија и искористување на радио фрекфенции за широкопојасен безжичен интернет.

„Во областа на електронска комуникација земјата добро напредува.“ пишува во извештајот.

Што се однесува до информатичкото општество, тоа си е добро, вели кратко Комисијата. Позитивно е што Секретаријатот за ИТ се „апдејтираше“ во Министерство за информатичко општество.

Заклучокот е дека покрај забелешки за АЕК и нејасните регулативи, има прогрес. Впрочем и затоа позитивен извештај.

„Конкуренцијата во пазарот на електронската комуникација се зголеми како резултат на процесот на либеризација, во корист на потрошувачите. Се на се, во подготовките во полето на информатичкото оштество и медиумите има напредок“ е оценката за ИТ и медиумите во извештајот, во кој една од поголемите критики е насочена кон Советот за радиодифузија кој „се уште е под политичко влијание“.

Интересно, Комисијата во заклучoкот пишува „во подготовките во полето на…“ што значи дека ова е само почеток за да се стигне до ИТ нивото на Европа.

Авторски права

Комисијата оцени дека има прогрес во поглед на почитување на авторските права. Секако авторските права не се само за ИТ. Но тоа што е интересно е што првата забелешка е што сајтот
со информации за авторските права не се апдејтира редовно, односно веб сајтот е запоставен.

Добро е што се превземени построги мерки за заштита на авторските права, вели Комисијата

„Но, трудот околу спречување на фалсификатите не е доволен. Одземената стока е главно аудио/видео CD-а, облека, цигари и алкохол [кои се уништуваат]. Опремата која е наменета за прaвење фалсификати и пиратски софтвер се одземува, но не се уништува.“ пишува во извештајот.

Заклучокот за заштита на авторските права и индустриската сопственост е дека иако се превземаат одредени мерки кои се подобруваат,
сепак не е доволно.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk