{mosimage}Од вчера пуштена е заштита за сите Firefox корисници кои го имаат инсталирано, т.е. преку Windows Update без нивно директно знаење, .NET Framework Assistant од Microsoft и други додатоци со безбедносни пропусти. Од Microsoft имаат потврдено дека има голем безбедносен пропуст во нивниот додаток и препорачуваат сите да го деактивираат веднаш.
Mozilla во соработка со Microsoft пуштија заштита за сите Firefox корисници. Деновиве, постепено на сите корисници ќе се појави прозорец известувајќи ги дека одредени додатоци се оневозможени поради безбедносни пропусти, ако ги имаат тие додатоци инсталирано на нивниот систем.
{mosimage}
Иако .NET Framework Assistant е најголем проблем бидејќи се инсталира без директно знаење на корисникот и со тоа веќе голем број на корисници го поседуваат несвесно на нивниот компјутер, не е само тој означен како ризичен.
Листата сега за сега е ваква: http://www.mozilla.com/en-US/blocklist/
Доколку имате некој од овие додатоци инсталирано и сте нестрпливи да чекате автоматско оневозможување, можете сами да ги избришете на овој начин:
1. Влезете во менито Алатки (Tools) и одберете Додатоци (Addons)
2. Во новиот прозорец ќе ги пребарате 2-та таба под име Проширувања (Extentions) и Приклучоци (Plugins), бидејќи има на листата и од 2-та вида.
3. Ако пронајдете некој додаток/приклучок кој се наоѓа на листата погоре, кликнете на копчето Оневозможи (Disable) до него.
4. Кога ќе завршите, рестартирајте го Firefox.






