Што се најави на The Game Awards 2018?

Овогодишните The Game Awards почнаа и завршија на исклучително висока нота, со трејлери и најави кои не можеа, а да не ја импресионираат публиката. Во случај да сѐ уште не сте го одгледале настанот или пак сакате едноставен преглед на најдоброто и најважното, се наоѓате на вистинското место!

Far Cry: New Dawn запливува во постапокалиптични води и прикажува како ни крај на светот не може да го спречи откаченото возење и експлозивните пресметки.

Scavengers ќе ви дозволи да здружите сили со вашите пријатели и да излезете на крај со свирепи виулици, мечки и други играчи. Survival игра издигната на следниот револуционен степен.

The Outer Worlds се стреми да им го земе тронот на Fallout игрите. Ништо чудно, особено кога ќе земете во предвид дека зад играта стои Obsidian и првичните креатори на Fallout.

Pathless e игра од креаторите на Abzu. Преубава авантура и трогателна приказна за ловење духови, решавање загатки и дружење со орел. И битки. Многу, многу битки.

The Last Campfire нѝ доаѓа од Hello Games. Да, од тие Hello Games. По неколку годишна работа на No Man’s Sky тимот конечно се чувствува спремен да зачекори на нова територија. Авантурата е од само двајца вработени, а црпе инспирација од Journey, The Witness и Brothers: A Tale of Two Sons.

Ancestors: Humankind Odyssey е уште една уникатна survival игра заснована пред 10 милиони години, а замислена да ви дозволи да создадете племе и да пренесување знаење и вештини на идните генерации.

Atlas е најновата игра на Studio Wildcard, тимот зад Ark: Survival Evolved. Се работи за еден вид пиратска игра каде на еден сервер можат да се судрат илјадници и илјадници луѓе. Ран пристап до играта добивате веќе од 13.декември.

Hades е hack and slash игра од еден од нашите омилени студија. По феноменалниот успех со Bastion, Supergiant Games е достапна во раниот пристап, но на Epic Games Store.

Journey to the Savage Planet нѝ доаѓа од студиото на режисерот одговорен за Far Cry 4. Со исклучок на трејлерот, не се знаат многу работи, но се очекува престој на друга планета и силен фокус на истражување.

Ashen е постапокалиптична игра во отворен свет каде секој играч може да преземе контрола врз NPC лик. Звучи интересно и е ваша за играње преку продавницата на Epic.

Devil May Cry 5 нема да биде само игра за самостоен играч, туку и ќе има одредени мрежни елементи. Таканаречениот cameo систем ќе дозволува Ниро, Данте и V да се појавуваат во игри на други. Звучи чудно и, да бидеме искрени, сѐ уште не сме сигурни до која мера ваквото нешто ќе биде изведено и дали навистина би можело да се нарече како multiplayer.

Among Trees e преубава игра со преживување каде немате рестрикции во начинот на кој сакате да ја играте. Би сакале да знаеме нешто повеќе, но сега за сега, принудени сме да бидеме задоволни само од трејлерот.

Rage 2 излегува на 14.мај и има трејлер за да ви го покаже вистинското лице на бесот и да ве заинтригира со откачените гејмплеј механики.

Anthem нема да ги запостави фановите кои копнеат по приказна. Следниов трејлер го нагласува тоа со секоја помината секунда.

The Stanley Parable: Ultra Deluxe е порт за конзолите, но ќе се одликува со дополнителни работи кои ќе бидат дел и од новата PC верзија.

Dauntless ги израдува фановите дека ќе се појави на PC, PS4, Xbox, Switch и мобилни направи, на Steam и Epic Games Store.

Psychonauts 2 го откри првиот, официјален трејлер. Сѐ уште уживаме и ја преигруваме првата игра и со нетрпение го очекуваме продолжетокот во новата година.

Mortal Kombat 11 можеби излегува во април, но тоа не значи дека не треба да го видиме најновиот филмски трејлер.

Dragon Age серијалот е повеќе од жив. Се шепотеше дека ќе чуеме за нова DA игра на настанов, но добивме само трејлер. Исклучително краток, крајно неинспиративен трејлер. Играта би требало да излезе за 3 години.

PUBG ќе добие нова мапа која се вика vivendi и е осмислена околу идејата за остров со парк за диносауруси и снег. Многу, многу снег.

Најважното од сѐ, дознавме и дека Journey ќе се појави на PC.

Која вест најмногу ве израдува? Кажете нѝ во коментарите и на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Конечно дел од епизодата е фокусиран и на The Game Awards 2018. […]