Дали Steam пропаѓа во сенката на Epic Store ?

Не толку одамна, ве информиравме дека и Epic ќе започне со продавање видео игри. Во екот на Video Game Awards, продавницата нападна со сета парeа и ги импресионира и гејмерите и развојните студија. Гејмерите со бесплатни игри, а девелоперите со значително помало плаќање на придонеси.

Продавницата не е ни две недели активна, а Steam веќе губи на фронтот со ексклузивноста. Многу игри, или целосно се повлекуваат од Steam, или пак ги одложуваат нивните официјални датуми за излегување на таа платформа.

Па така, Satisfactory целосно се повлече од Steam и ја поништи официјалната страна од платформата на Valve. Tимот зад играта, Coffee Stain Studios, се изјаснија дека играта нема да излезе на Steam. Според нив, единственото место на кое ќе можете да ја купите играта е Epic Store.

Genesis Aplha One реши да оди во сличен правец. Тeam17 не ја поништи Steam страната, но објасни дека нивната игра нема да излезе на Steam, барем не на 29.јануари. Во јануари, признаа тие, играта ќе излезе само на Epic Store.

Развојното студио Double Damage, пак, вети дека нивната игра Rebel Galaxy Outlaw ќе се продава во првите 12 месеци од излегувањето само на Epic Store. За понатаму, ќе размислат кога и на кои фронтови ќе ја пласираат нивната игра. Тие отворено си признаа дека нема логика да одат со Steam, затоа што тие (Valve) земаат цели 30 проценти од продажбите, а Epic само 12%.

Ова се чини дека е само почетокот на Epic ексклузивноста и Steam допрва ќе се губи во сенката на новосоздадената продавница.

Играта Ashen е достапна на Epic, а на Steam само стои дека датумот на излегување е непознат. Hades, играта на крајно талентираните Supergiant Games е достапна на Epic, но не е достапна на ниедно друго место. Уште поинтересно, игрите Outer Wilds и Maneater си имаат Steam страни, но развојните студија веќе објаснија дека овие игри нема шанси да се појават на Steam и дека ќе ги има само на Epic Store.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на таа платформа (повеќе на оваа тема пишувавме тука). Запрепастувачка е брзината со која се поттисна Steam, […]

trackback

[…] Од 10 до 25 јануари, What Remains of Edith Finch ќе биде бесплатна на Epic Store, најновиот играч во ланецот од продавници на дигитални игри и еден од најголемите конкуренти на Steam. Прочитајте зошто е тоа така – тука! […]

trackback

[…] World War Z ќе излезе во 2019 година, но на Epic Games Store. Известувањето дојде откако девелоперите го заменија Steam логото на нивната страна со препознатливото PC лого. Овој ко-оп наслов за до четворица играчи е само еден од многуте наслови кои го заменија Steam со Epic. Повеќе за проблематиката дискутиравме неодамна. […]

Aleksandar
Aleksandar
5 years ago

steam e steaming pile of shit mnogu godini unazad