Yahoo! е-маил периодично недостапен

во Свет

{mosimage}Yahoo! изјави дека во следните неколку дена дел од корисниците на нивниот е-маил сервис во одредени периоди нема да можат да пристапат до своите е-маилови бидејќи техничкиот оддел на компанијата извршува рутинска проверка и поправка на серверите започнувајќи од 31 март со цел да го подобри и забрза сервисот.

Оваа однапред предвидена акција започна од понеделник во соработка со компанијата AT&T и голем број на корисници се имаат пожалено во истиот ден бидејќи од 12 часот по полноќ па се до 9 наутро во вторникот добивале "неочекувана грешка" при отворање на своите е-маилови.

Во вторникот пак е-маил сервисот за одредена група на корисници бил недостапен 1 час и 40 минути, а вчера не биле забележани значајни прекини во работата.

Компанијата најави дека прекини во нормалното функционирање на Yahoo! е-маил сервисот може да се очекуваат и во следните неколку дена и упати молба до корисниците да бидат трпеливи доколку се дел од овој проблем.

Во изјава не беше најавено кои групи на корисници би можеле да бидат зафатени, така да однапред се припремите (на пример не очекувајте важни е-маилови на него) дека можеби вашиот Yahoo! е-маил нема да биде достапен одреден период.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk