{mosimage}Едноставно и генијално. Babel With Me е чет сервис кој автоматски ги преведува разговорите во реално време во 45 различни јазици. Мал проблем што го нема македонскиот јазик, но ги има српскиот, хрватскиот, албанскиот и бугарскиот што може да помогна на тие што не знаат друг јазик. BabelWith.Me е лесен за користење – само одите на сајтот, започнувате разговор, добивате URL адреса, пример, http://www.babelwith.me/DEGN, што е адреса на вашата чет соба. Потоа сé што треба е да одберете јазик и да разговарате.
Сервисот го преведува текстот од другите јазици на тој кој што ви е наместен на прелистувачот кој го користите. Во мојот случај е англискиот, па еве како изгледа разговор меѓу англиски и српски соговорници.
{mosimage}
Како што можете да видите од разговорот погоре, има мал проблем со преводот кој најверојатно доаѓа од Google Translate кој е имплементиран во сервисот. (Затоа го нема македонскиот јазик, бидејќи го нема на Google Translate).
Тоа што можев да го забележам и да го препорачам е да користите интерпункциски знаци и мали и големи букви каде што е потребно. Друго, разговорот погоре е со едноставни фрази и имаше малку губење во преводот, а сигурно во подолги разговори тоа може да биде уште попроблематично. Нo, добро е што со црвените букви се пастира и оригиналната порака.
Од друга страна пак, BabelWithMe е многу покорисен отколку да комуницирате на јазик кој не го знаете, нели? Сервисот е во алфа фаза што е почетна фаза на онлајн сервисите
и фаза која често се тестира зад затворени врати. Но бидејќи се работи за комуникација и јазик, сервисот се тестира преку корисниците и нивното искуство.
Сервисот има и лесни опции за поканување пријатели преку Facebook, Twitter и e-маил. Поканата е порака со URL адресата до чат собата која сте ја отвориле.
BabelWith.Me е сервис изработен од LifeChurch.tv, христијанскa заедница и веб сервис чија цел е да ги обедини сите со Исус Христос. Но се согласуваме со Mashable, од каде прв пат прочитавме за сервисот, дека „сервисот треба да остане достапен за сите, без врска на целта или религијата.“






