{mosimage} Ако користите Twitter големи шанси се дека имате привремена работа. Ако сте на Facebook тогаш сте стари, бели и богати… Новата студија на Anderson Analytic, покажала дека постојат специфични карактеристики за корисниците на секоја друштвена мрежа: Facebook, Twitter, LinkedIn или MySpace. Многу од тие карактеристики се преклопуваат, но од друга страна секоја мрежа си има свои уникатни корисници со уникатни навики кон интеракција со маркетинг брендовите и другите корисници.
Еве што вели анкетата на Anderson Analytic за интеракцијато со брендови:
- 52% се пријатели или фанови со барем 1 бренд
- 17% се со позитивно мислење за тоа што ги има брендовите во мрежите
- 19% се со негативен став да гледаат брендови на друштвени мрежи
- 64% се неутрални во овој поглед
- 20% сакаат повеќе интеракција со брендовите
- 35% не сакат повеќе интеракција со брендовите
- 45% се неутрални или воопшто не им е гајле
Што се однесува до спријателување на друштвените мрежи, 45 отсто од корисниците се повржуваат само со фамилијата или пријателите, додека 18% ќе се повржат само со луѓе кои ги виделе во живо. Само 10 отсто од испитаните ќе се здружат со било кој.
Многу од луѓето кои не се на друштвените мрежи или немаат време, или не веруваат во сигурноста или пак мислат дека се глупава работа. Но, 22 отсто од нив велат дека наскоро ќе започнат да користат во наредните 3 месеци, а 27 отсто велат дека ќе започнат да користат во наредната година.
{mosimage}
Oд друштвените мрежи, анализата покажалa дека:
- Facebook – 40% се во брак, 80% се бели, 6% се пензионирани, и Facebook корисниците имаат во просек 121 пријатели.
- МySpace – oваа мрежа е за млади. 60% од корисниците не се во врска, а 23% се студенти. Најголемиот интерес на корисниците е забавата.
- Twitter – просечен корисник следи 32 и има 28 следбеници. Најголемиот интерес се вести, ресторани, политика, финансии и религија. 43% од испитаните рекле дека можат да живеат без Twitter.
- LinkedIn – Интерес на корисниците секако е бизнис, напредок во кариерата и потрага по работа. Повеќето од нив вежбаат и сакаат hi-tech уреди. 12% од нив се заинтересирани за кладење.
За оваа анкета се испитани американците кои барем еднаш користеле друштвена мрежа во последниот месеци. Иако се работи за американци, сепак дел од податоците можат да се разгледаат од аспект на македонските корисници, посебно податоците за брендови. Бидејќи, како што може да се види од нашиот текст „10 најпопуларни македонски брендови на Facebook“, меѓу најпопуларните се и „Македонски народни приказни“ чиј профил е создаден од фановите.
Доколку имате поинакви податоци, информации или мислење напишете ги во коментарите.
Надополнето: Како додаток на анализата може да се спомене анализата на Филип Стојановски за тоа што Македонските корисници размислуваат за рекламите на Facebook. Поденталната анализа е на англиски и можете да ја најдете тука, a скратената македонска верзија тука.






