Виралниот ефект на IE8 рекламите

во Веб

{mosimage} Kога го објави Internet Explorer 8, Мicrosoft oбјави и неколку реклами за да го промовира својот прелистувач. Рекламите беа објавени онлајн, на YouTube и други видео канали, a нивната цел e луѓето да ги видат и да ги споделат со пријателите, стратегија што се нарекува вирален маркетинг.

Бидејќи Microsoft никогаш не го бивало за реклами, новите IE 8 рекалами изгледаат вака:

(напомена: Рекламата е полна со повраќање и е одвратна!

Microsoft беше принуден да ја повлече оваа O.M.G.I.G.P реклама бидејќи е едноставно одвратна. Останатите од серијалот: G.R.I.P.E.S, F.O.M.S. И S.H.Y.N.E.S.S можете да ги погледнете тука. Се гледа дека идејата на Microsoft е да ги направи рекламите, со глупавите и неспособни корисници, хумористични за да бидат споделени меѓу корисниците.

Но дали успеаја во намерата рекламите да станат гледани и корисниците да ги споделат?

По се изгледа да. Но не со целиот серијал. Туку само со одвратната O.M.G.I.G.P, каде сопругата повраќа врз својот маж. Рекламата беше тргната по скоро 1 милион гледања, а Microsoft го доби виралниот ефект со една контроверзна реклама која одзема 57 отсто од гледаноста на целиот серијал, и 60% од коментарите оставени за серијалот реклами, според Visible Measures.

{mosimage}

„Според резултатите, оставени сме да се прашуваме дали или не е ова дел од планот: објави контроверзна реклама, отворо страсна дискусија, извини се за навредување на потрошувачите, повлечи ја и повлечи големи бројки според гледаноста…. од публиката на онлајн видеото која ќе го копира и сподели видеото. Можеби, на крајот, ова е
најдобриот резулатат за Microsoft?“ прашува VisibleMeasures.

Па… како ви се допаѓа рекламата? Би сакале да ја споделите со другите?



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments