Четврт милијарда на Facebook

во Веб

{mosimage}Најпопуларната друштвена мрежа во светот од денес официјално има четврт милијарда корисници или 250 милиони, објави Mарк Зукерберг, oсновачот на Facebook. „За нас, растењето до 250 милиони корисници не е само импресивен број; oва е бележник за тоа колку многу лични конекции сите вие сте направиле, и колку далеку треба ние во Facebook да ја продолжиме моќта на поврзувањето до милијардите луѓе ширум светот“ пишува Зукерберг на официјалниот блог.

Facebook го прослави петтиот роденден на 4 фебруари, а веќе во април, Facebook забележа 200 милиони профили. Сега за 3 месеци таа бројка се качи на 250 милиони корисници.

Пред 3 месеци, бројот на македонските корисници беше 142.000. Сега на Facebook има 292.520 луѓе кои живеат во Македонија. Овие бројки се според платформата за рекламирање на Facebook која ги користи IP адресите и локацијата вметната во профилот на корисникот. Тоа значи дека за 3 месеци на Facebook се закачиле нови 150,000 корисници од Македонија.

Друга статистика на Facebook:

  • 120 милиони корисници се логираат на мрежата секој ден
  • 2/3 се надвор од универзитетите
  • корисниците проведуваат 5 милијарди минути дневно
  • 8 милиони дневно стануваат фанови на страни секој ден
  • 1 милијарда слики се закачуваат на сајтот секој месец
  • 2.5 милиони настани се организираат секој месец
  • 70% се надвор од САД
  • 30 милиони се приклучуваат преку мобилен, и се 50% поактивни
  • ….

 



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments