0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2013

Дали лошата продажба го натера Apple да ги намали нарачките за делови за iPhone 5?

Apple ги намали нарачките за делови за iPhone 5 за следното трoмесечие, бидејќи телефонот се продава послабо од очекувањата, јавува Wall Street Journal. Претпоставките се дека бројот на нарачани екрани за iPhone 5 пред кратењето е околу 65 милиони.

Обемот во кој се намалуваат нарачките е голем, па во периодот од јануари до март компонентите за IPhone 5 кои ги нарача гигантот од Купертино се речиси преполовени. Најголем дел од компoнентите се екрани за телефонот, но неименувани извори јавуваат дека се крати и на останатите делови на iPhone 5.

Екраните за iPhone ги произведуваат Sharp, Display Co. и LG, на почетокот постоеше верување дека команиите нема да можат да одговорат на барањата за екрани за телефонот. Јапонската компанија Nikkei потврди дека Apple ги намали побарувањата за делови за iPhone. Логичен е заклучокот дека продажбата на iPhone 5 не се според предвидувањата на Apple, но можно e веќе и да се подготвуваат за новата верзија на телефонот 5S коjа можеби нема да го има овој екран.

За споредба директниот конкурент Samsung бележи пораст во продажбата од 8,8 во 2010 година на 31,3 отсто во 2012 година од продажбата на паметни телефони. Во периодот од 2011 до 2012 уделот на iPhone на пазарот е паднат од максималните 23 отсто на 14,6 на крајот на 2012 година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top