0 коментари 1 мин. читање

Што е веб прелистувач?

{mosimage} Дали знаете што е разликата меѓу веб прелистувач и веб пребарувач?

„Се обидувам со месеци да и објаснам на мајка ми што е веб прелистувач, но без среќа“, вели Џејсон Тоф, маркетинг менаџер на Google кој направи кратко истражување за колку луѓето користат прелистувач и што знаат за него.

Според „не научното“ истражување, 80 отсто од луѓето поминуваат повеќе време на интернет отколку во кола. Но само 50 отсто од нив знаат кој прелистувач користат, додека 90 отсто од нив знаат која кола возат.

{mosimage}

„Секој ден поминуваме многу време на интернет, и секоја веб страна се гледа преку прелистувач. За жал, повеќето луѓе не сваќаат дека има повеќе прелистувачи кои се разликуваат во брзина, безбедност и можностите.“ вели Tоф кој објави и сајт whatbrowser.org на кој има повеќе детали, oбјаснувања и информации за веб прелистувачите.

Интересно е што на whatbrowser.org има линк за симнување на сите популарни пребарувачи прелистувачи: Firefox, Opera, IE и Safari, а не само Google Chrome.

Има уште едно ваква мини анкета направена од вработените во Google за „Што е прелистувач?“ на YouTube што покажа дека само мал број од луѓето можеа да направат разлика меѓу прелистувач и пребарувач.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top