{mosimage} Новинарот и блогерот Дамир Финтиќ ќе одлежи 20 дена во затвор поради клевета на својот портал за Владимир Штенгл, поранешниот градоначалник на Вуковар. Така 27 годишниот новинар „ќе стане првиот новинар во Хрватска кој поради клевета ќе заврши во затвор, а Хрватска ќе стане една од ретките земји во светот кои блогерите ги ставаат во затвор.“ пишува Novi List.
Блогерот Финтиќ лично не го навредил Штендл, туку проблемот кој му донел 6 тужби на Финтиќ и казна од 200.000 хрватски круни (28.000 евра) е немодерирање на коментарите на vukovarac.net форумот, кои биле негативни кон фамилијата на Штендл.
{mosimage}
Блогерот Финтиќ ќе оди во затвор бидејќи не ги исплатил 30.000 хрватски куни како оштета за клеветата и нанесен душевен бол на фамилијата на Штенгл, па затоа му било наредено да се појави во затвор на 27 октомври. „По излегување од затворот го чекаат уште 20 дена нова казна бидејќи не платил уште една пресудена казна за клевета.“ пишува Novi List.
„Немав пари за плаќање на тие три казни, а не сакав луѓето од сожолување да ми помогнат да платам казна и избегнам затвор бидејќи не гледам што сум лошо направил со тоа што отворив форум на кој сите од Вуковар, распрфлани во Хрватска и во светот, можат да имаат контакт и да разговараат за својот град.“ вели Дамир Финтиќ.
Одлуката на судот наиде на остри критики од Новинарското здружение на Хрватска и од хрватското Здружение на блогери. А што се однесува до фамилијата на Штендл тие покренале десетина тужби против новинари, блогери и медиуми кои вкупно се со вредност до 700.000 хрватски куни. (95.000 евра)






