Што е паметен град и каква корист има од него?

0 коментари 1 мин. читање

Можеби слушнавте дека дел од учесниците во кампањата за локални избори зборуваат за паметен град. Но, кога се обидуваат да објаснат за придобивките и можностите на оваа технологија тоа го прават прилично неумесно. Дел од причините за ова се и објективни, паметните градови имаат куп можности, а дел од нив сè уште не можеме ниту да спознаеме.

Една од најголемите придобивки е можноста за штедење на енергија. Градот ќе може да управува со сè, што ќе овозможи гасење на светилките кога не се потребни, пренасочување на сообраќајот кога има застој и оптимало управување со семафорите.  Дополнително, најверојатно сте забележале барем еден контејнер кој има ѓубре колку за два контејнери. Ова нема да се случува во паметниот град, ѓубрето автоматски се надгледува и веднаш се испраќаат камиони кога ова е потребно.

Паметниот град нуди и персонализирани сервиси. Ако секое утро во 7 часот одите на работа тоа ќе биде период во кој ќе се вклучат светилките. Кога возите со автомобил и сакате да застанете на некое место, автоматски ќе биде пронајден слободен паркинг. Паркинг метарот би можел автоматски да се вклучи и исклучи, без опасност да го заборавите.

Повеќе за паметните градови во видеото.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top