0 коментари 2 мин. читање 3 октомври, 2017

Chalk e одлична нова iOS апликација со проширена реалност

Vuforia Chalk е нова iOS апликација која покажува дел од највозбудливите можности на виртуелната реалност. Апликацијaта е едноставна за користење, а слична функционалност презентираше и Microsoft, со HoloLens.

Она што го овозможува Chalk е помош со покажување, дури и кога корисниците се далеку еден од друг. Едниот корисник едноставно ја насочува камерата кон предметот или предметите за кои е потребна помош, а другиот може да црта директно на сликата од камерата.

Пример, ако не знаете како да го инсталирате новиот процесор, може да го пингате вашиот гик пријател кој вообичаено има одговори на сите прашања. Тој директно на екранот ќе ви покаже каде е слотот за процесор; како да го отворите; како да го монтирате процесорот; каде да ставите термална паста и како да го инсталирате кулерот.

Апликацијата не користи ARKit иако неодоливо потсетува на тоа. Ова и не е лоша вест. За проширена реалност се подготвени многу малку уреди, но за Fusion технологијата на Chalk се подготвени поголем дел од уредите.

Апликацијата засега е достапна единствено за iOS, но од Vuforia најавуваат дека работат на Android и Windows верзија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top