Над 10 милиони Американци ги виделе руските реклами

во Вести

Facebook процени дека околу 10 милиони Американци ги видоа спонзорираните постови од Русија. Сега Конгресот на САД треба да процени дали можното влијание врз 10 милиони жители го загрози процесот на гласање.

Претставниците на друштвената мрежа ги однесоа сите 3.000 огласи за кои се сомневаат дека потекнуваат од руски агенции, во Конгресот, јави Guardian.

Од она што е досега познато, целта на руската кампања не е насочена кон кревање на рејтингот на претседателот Трамп, ниту кон републиканците. Наместо ова, рекламите на друштвента мрежа се креирани да го разделат народот.

За ова да не се повтори и во иднина, Facebook ќе регрутира нови 1.000 модератори. Целта на новиот тим ќе биде единствено да ги модерира рекламите. Компанијата дополнително ќе инвестира во машинско учење за подобрување на алгоритмите.

Facebook имаше ваков тим за модерирање и на вестите. Се чини дека тогаш бројот на лажни вести беше помал, но по обвинувањето дека друштвента мрежа ги крие вестите на десницата, тимот беше заменет со алгоритам. Се чини дека токму по ова менување започнаа и проблемите на друштвената мрежа.

Facebook минатиот месец објави дека над 100.000 долари од Русија се искористени за рекламирање на таргет гупи во САД. Овие пари се искористени за продлабочување на јазот на теми како: ЛГБТ, поседување оружје и имиграција. Најголем дел од рекламите, дури 56%, всушност се видени по завршувањето на изборите за претседател.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments