0 коментари 2 мин. читање 2 февруари, 2018

Бидете дел од четвртото издание на Code App, Level Up

Студентската организација EESTEC LC Skopje во соработка со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство – Скопје го организира четвртото издание на настанот “Code App, Level Up”.

Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Оваа година “Code App, Level Up” ќе ја опфати темата “Општествено одговорни веб страни“. Преку овие работилници ќе може да го проширите вашето знаење и ќе може практично да реализирате ваша идеја. Работилниците ќе бидат под надзор на ментори од кои може да добиете стручна помош и мислење доколку наидете на разни потешкотии.

На овој настан достапни би се обуки во следните области:

– Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се:  Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

– Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 10 странски студенти од држави ширум Европа и 20 студенти од Техничкиот Кампус при УКИМ.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите на следниот линк.

Доколку сакате да знаете повеќе за настанот, посетете ја на Code App, Level Up.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top