Шар е нов прелистувач наменет само за македонските корисници

Шар е проект на Александар и Ванче Грков, кои сакаа да изработат веб прелистувач наменет само за македонските корисниците, бидејќи популарните прелистувачи не се добро локализирани. Добар пример е Google Chrome кој одговара со „Google Chrome cannot be displayed in this language.“ кога ќе одберете да биде на македонски. Firefox, како втор најпопуларен прелистувач во Македонија, иако е локализиран, сепак некои од опциите и текстовите се на англиски.

„Целта не е да направиме превод на прелистувач на македонски. Целта ни е да имаме прелистувач со сите модерни додатоци. Преводот е само почеток“.

Александар вели дека сакаат модерен локален прелистувач, кој е базиран на Chromium, што помага околу безбедноста. Сакаат прелистувачот да биде само за македонските корисници, да може да поправи македонски правопис, да има вграден македонски речник, и интерактивна тастатура која може да промени азбуки. Но, проектот може да биде голем залак за само двајца девелопери, велат програмерите. Потребна им е помош од заедницата, и затоа, во наредните недели ќе го отворат кодот за сите да помогнат. Наскоро може да се очекува и верзија за Android и iOS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Igor Stojanovski
11 years ago

Запомнија…
фаилови…
алити…
Испадни…?!?!

Ако веќе се преведува нешто на македонски, нека преведи некој што ЗНАЕ македонски.
Фала, пријатно.

Андреј Т.
11 years ago

"Firefox, како втор најпопуларен прелистувач во Македонија, иако е локализиран, сепак некои од опциите и текстовите се на англиски."

И сеа место да ги допреведат тие изрази, нов browser ќе прават. Алал вера. :-)))

И нормално, source-от нигде го нема.