0 коментари 2 мин. читање 8 април, 2015

Google и Toei ќе снимаат кратки самурајски филмови

Има добра вест за сите љубители на драма со самураи. Google најави соработка со Toei, кој е еден од најголемите дистрибутери на тематски ТВ-програми во Јапонија, со која се предвидува да се креираат филмови со корисниците на YouTube.

Наречени „jidaigeki”, кратките филмови ќе добијат посебен канал Space Tokyo кој отсега ќе биде посветен на самурај драма жанрот. Соработката ќе овозможи на сите заинтересирани да изгледаат туторијали за борби со мечови, специјални ефекти, но и да добијат совет од јапонскиот режисер Тошито Ли, јави Verge.

Сетот на YouTube во Токио е мал кога е просторот во прашање, но ефикасно го користи просторот кој им е на располагање. Со оглед на тоа дека најголемиот дел од Јапонците, и нивните студија се конзервативни, исчекорот кој се прави со соработката со нов медиум/сервис како YouTube е забележителен. „Тоеi одговара на промените кои ги носи денепницата за да продлжи со традицијата и технологијата на jidaigeki“, вели Јасуто Такемура кој е задложен за студијото на Toei во Кјото.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top