Северна Кореја има свој параноичен оперативен систем кој ги следи сите фајлови

во Останато

Двајца германски безбедносни експерти, Флориан Грунов и Никлас Шејс, откриј траги од шпионски фајлови во севернокорејски софтвер, што не би требало да ве изненади од држава која е изградена врз параноја и страв од дека останатиот свет сака да им наштети. Оперативниот систем наречен RedStar OS е базиран на Linux, но дизајнот наликува на OS X на Apple, со ужасен додаток кој овозможува да се одбележат документите и да се следат. Следењето не е само преку интернет, туку можат да се следат и фајлови префрлени со USB, па дури и по нивно бришење, велат експертите за BBC.

Оперативниот систем е наменет да реши еден од проблемите кои ги имаат властите во Северна Кореја – можност за следење на фајлови кои се пренесуваат со екстерни хард-дискови, USB стикови или мемориски картички. Оперативниот систем е базиран на Linux, што е иронично со оглед на тоа дека врз база на најотворениот оперативен систем е криеиран опреативен систем кој легално нема да може воопшто да се менува.

Можноста за шпионирање е вградена за ограничување на споделување на видеа и музика што доаѓаат надвор од Северна Кореја, но на државата ѝ овозможува да ги следи сите документи. Сите креирани фајлови се одбележуваат со сериски број, а иако нема дефинитивна потврда од истражувачите, постои сомневање дека системот ги следи и сите корисници. Иако дел од корисниците ќе пронајдат начин да ги заобиколат безбедносните механизми, RedStar OS има доволна добра заштита, па при секој обид за промена на оперативниот систем, се вклучува грешка и компјутерот се рестартира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments