Дури 80 отсто од пријавените за работа од дома во САД се севернокорејски измамници

во Вести

Американската компанија Cinder откри дека голем дел од апликантите кои се пријавуваат на нивните огласи за работа од дома се измамници од Северна Кореја. Cinder се сомнева дека десетици од апликантите за отворените работни места се Севернокорејци.

Cinder е софтверска компанија специјализирана да им помогне на организациите да создадат побезбедни онлајн простори преку модерирање на содржина. Започнаа да работат без физичко присуство од 2020 година поради пандемијата со COVID-19. Како и многу други компании, Cinder премина на модел на работа од дома за поголема безбедност на своите вработени. Оттогаш продолжија да работат од далечина, прифаќајќи ги придобивките од флексибилноста и пристапот до поширока база на таленти. Оваа промена остана трајна за компанијата, усогласувајќи се со поширокиот тренд на работа од далечина во технолошката индустрија. За жал работата без физичко присуство значително го олеснува пријавувањето на севернокорејските апликанти.

Севернокорејците се повеќе се обидуваат да дојдат до работа во американските компании. Ова им овозможува да се здобијат со пристап до компјутерските мрежи на овие компании, но истовремено може да повлекуваат многу средства од САД. Дел од отворените ИТ позиции во Cinder се со годишна заработувачка од над 100 000 долари. Ова е солидна заработувачка за САД, и супер висока во Северна Кореја.

Она што Cinder го забележа е тренд последниве две години, кој започнал од 2023 година. Севернокорејците се пријавуваат на огласите за работа за која не е потребно физичко присуство и велат дека работат од САД.

„Од апликациите кои доаѓаат од некои од агенциите за вработување за околу 80 отсто од апликантите имаме причина да се сомневаме дека се од Северна Кореја.“, вели Деклан Камингс од Cinder за PC Mag.

Cinder забележал дека нешто не е в ред откако голем дел од луѓето кои се пријавувале не постоеле на интернет, или нивниот профил бил различен од оној кој стасал до компанијата. Севернокорејците кои се пријавуваат за работа во САД го следат истиот процес. Kреираат различни профили на друштвени мрежи, и се пријавуваат со име кое не е корејско. Наместо слика често користат слика генерирана или уредена со помош на вештачка интелигенција.

Сепак, кога од Cinder ги проверувале претходните работни позиции на овие апликанти, забележале дека тоа се компании кои не постојат. Дополнително нивниот англиски бил лош, а иако се пријавуваат како да доаѓаат од градови во САД, не знаат речиси ништо за градовите. Од шумот и гласовите кои ги слушале на интервјуата, компанијата се сомнева дека Северна Кореја има развиена цела индустрија од ова. Врз база на овие податоци, експертите на Cinder проценуваат дека дури 80 отсто од пријавите се од Северна Кореја.

Некои од Севернокорејците успеале да ја поминат првата селекција и да дојдат до видео интервју. Сепак, на овие интервјуа повторно забележувале проблеми, па во компанијата во текот на интервјуто забележувале дека цела историја на пријавениот е измислена, а онлајн профилите се креирани скоро.

Компаниите кои би можеле да бидат полесно измамени се стартапи на кои им е важно да заштедат. Тие сѐ уште немаат доволно големи тимови кои би можеле да направат подобра контрола. Поради нивната недоволна екипираност, севернокорејските шпиони би можеле да се „протнат“ и да работат на своето понатамошно инфилтрирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments