0 коментари 1 мин. читање 7 март, 2013

Intel ќе прави чипови за Apple?

Intel веќе една година е во стратегиски преговори да произведува чипови за уредите на Apple, пишува Reuters. Intel вообичаено не произведува чипови за други компании, но ова е промена на стратегијата за да може да навлезе во мобилниот пазар. За таа стратегија да биде позитивна, Intel ќе треба да соработува со еднa од најуспешните компании на тој пазар – Apple.

Reuters вели дека Intel-овите производствените погони за PC процесори не работат со цал капацитет (најверојатно поради намалената продажба на овие уреди), па лесно можат да се искористата ресурси за новата стратегија која би требало да донесе нови приходи.

Мобилните A процесори кои се двигатели на iPhone и iPad-oвите во моментов ги произведува Samsung со кој Apple е во лоши односи поради куп различни тужби, но и поради посериозната конкуренција меѓу двете компании.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top