Сензорот за отпечатоци на Galaxy S5 може да се хакне лесно како тој на iPhone 5S

Откако пред повеќе од половина година беше пробиен iTouch на iPhone, се чини дека истиот проблем го има и Samsung Galaxy S5 со својот сензор за отпечатоци на прсти. Иако навистина станува збор за прилично сложен и помалку долготраен процес и двата телефони се подложни на истиот хак. Пропустот, ако може така да се нарече, го објави берлинската безбедносна компанија Security Research Lab.

Иако станува збор за подолготраен процес, сепак не станува збор за нешто што не може да биде напревено од секој. За почеток потребно е валиден отпечаток од прст кој може да биде соберен и од телефонот. Потоа процесот опфаќа скенирање, креирање на негатив и калап со кој се отклучува телефонот. Ова е случај и со iPhone со таа разлика што креаторите од Apple имаат ограничување во бројот на обиди со кои се отклучува телефонот и отпечатокот се користи исклучиво за отклучување на телефонот. За разлика од iTouch, кај Samsung Galaxy S5 крадецот може да го вклучува и исклучува телефонот се додека не се отклучи. Уште поважно откако ќе се отклучи телефонот напаѓачот може непречено да ги користи дури и апликациите за трансфер на пари како PayPal што не е случај со iPhone, кој освен отклучување на телефонот го користи скенерот како лозинка за App Store. Овој пропуст овозможува напаѓачот непречено да си перфрла пари од сметката без познавање на дополнителна лозинка.

Samsung одговори на овие обвиненија велејќи дека во случај на кражба компанијата веднаш ќе го промени крипто клучот кој се генерира од скенерот. „PayPal има софистицирана заштита од злоупотреба и измама за заштита од истата пред да се случи. Сепај во ретки случаи кога ова ќе се случи корисниците се покриени со полисата од Samsung“, вели компанијата.

[youtube]sfhLZZWBn5Q[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk