Што се крие во 3Д телефонот на Google – Project Tango

Инженерите на Google се трудат да ја донесат виртуелната реалност со помош на Project Tango, паметен телефон кој го следи движењето во три димензии. Овој телефон им дојде во рака и на iFixit кои на препознатлив начин и го презентираа на јавноста. Се разбира дека го расклопија и еве што пронајдоа внатре…

Project Tango доаѓа со Snapdragon 800 процесор и 2 GB LPDDR3 RAM, внатрешна меморија од 64 GB која може да се надгради со microSD картичка, 5-инчен екран. Сепак со оглед на намената на телефонот, ниту една од овие компоненти не е пресудна, за разлика од тоа брзонометарот/жироскопот/компасот кои регистрираат по 9 оски, а пред се делот за регистрирање на длабочина се клучни за телефонот. „Апаратурата“ за регистрирање на длабочина е составена од 4МР RGB/IR задна камера, задна камера со агол на фотографирање 180 степени (fisheye) и IR-проектор. Со оглед на намената и потрошувачката батеријата од 3000mAh не изненадува. Освен ова Project Tango доаѓа со 2 Movidius Myriad 1 ко-процесори и најголемото изненадување Capri PS1200 SoC 3Д-чип. Чипот доаѓа од PrimeSense компанија која од пред една година е во сопственост на Apple. Apple ги купи PrimeSense токму со оваа замислиа, мапирање на 3Д-простор, но по се изгледа дека PrimeSense има договор и со Google.

Со оглед на тоа дека сепак станува збор за iFixit, сајтот се одлучи да додели оценка и за едноставноста на поправање на уредот. Со 9/10 Project Tango е еден од наједноставните уреди за поправање на iFixit. Добрата оценка ја доби поради едноставноста за промена на батеријата, малиот број на штрафови кои го држат телефонот склопен, компоненти кои не се залемени на матичната плоча туку се инсталираат како модули.

[youtube]Qe10ExwzCqk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk