Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет

во ИТ.МК

Што е тоа што .мк медиуми не знаат да го направат?

Да почнеме од новинарската пракса за проверување на изворите. Да почеме со неколку алатки кои се дизајнирани да му помогнат на новинарот да ги дознае информациите, да ги провери изворите.

  • Google News – Сите светски медиуми на едно место кои се отвараат со еден клик, со еден термин. Внесете „Michelle Obama“ во Google Search и ќе видите кои светски медими што пишуваат за неа.

Не знам зошто Washington Post, New York Times, BBC и многу други сериозни медиуми одбиваат да напишат за или да ја проверат веста дека првата дама на САД ќе се разведе со претседателот на САД, што би било приказна со неверојатно влијание, посебно во моментите кога започнува трката за вториот мандат. Можеби бидејќи не читаат македонски медиуми.

Едвај шкрабнале 2 реда да изгледа како вест

  • Twitter Search – Да чуеме од друштвените мрежи, што велат корисниците кои често знаат да се закачат за приказна која не мора да е тoчна, која не се води по новинарскито кодекс и да ја направат популарна. Проверете ја мрежата со над 100 милиони корисници и нема да најдете твит за разведувањето, туку ќе најдете за како Мишел Обама се сретна со Нелсон Мандела и другите детали од нејзината турнија низ Африка!

Иронијата за македонските медиуми е што само пред неколку дена Twitter претстави алатки за новинарите за правилно да ги користат друштвените мрежи да се дојде до информација. Тие Twitter совети велеа дека со мрежата можат да се следат медиуми и новинари кои се доверлив извор, да се искомуницира со нив или да се провери информацијата.

Но, тоа не е доволно. Апсурдната вест, која дури не доликува ни на вест од сатиричниот Onion бидејќи е прекратка и глупава, се пренесе од деветнаесет македонски медиуми и портали. Деветнаесет! Без да проверат, само copy-paste, во потрага по повеќе читатели. Очаен обид.

Aх да, тие се повикуваат на Globe магазинот како извор. Globe е сензационалистички медиум за трачеви. Globe не е достапен за македонските корисници и со тоа не може да се линка за да се покаже правиот извор. Но, има проксија. Еве како изгледа „големата вест“ пренесена од 19-те .мк медиуми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
18 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Shapshal
Shapshal
13 years ago

Ја објави и dnevnik.hr кој е ептен "неугледен" :)

Lavot
Lavot
13 years ago

Не е и тоа проблем. Проблем е кога некој соли ум – од типот на „Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет“ демек кур се тресе во ладна вода. Такви таблоидни вести има секој ден, за секоја славна фаца. Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа 17 илјади 395 пати, Кака играше преклани за Манчестер Сити, а Сиена Милер и Линдзи Лохан се лезбиски пар иако се трети братучетки по стрина. Сите овие шпекулации едноставно се решаваат со реченицата: „Се разбира, овие шпекулации досега остануваат во тој домен, бидејќи нема официјална реакција, ниту од Белата куќа, ниту пак од засегнатите лично.“ што е наведена овде:
http://www.taratur.com/node/24402

Тулип
Тулип
13 years ago

Работам во еден до 19-те медиуми кои ја објавија веста. Се побунив кога колегите ја пуштија зашто веднаш проверив на гугл њуз и видов дека не е објавена во ниту еден сериозен медиум. Во принцип, ова е прилично бомбастична вест и не може да ја промашите (а со тоа и да н се изнасмеете на нашиве сајтови), но многу навидум ситни, безначајни вести кои не се точни завршуваат на порталиве зашто агенциите како макфакс и миа очигледно врска немаат и праќаат се, а новинарите од медиумите се тешки морони и ништо не проверуваат.

Dejan
Dejan
13 years ago

Ако запнале да бидат трачаски медиуми (а повеќето и се) можат барем да си смислуваат оргинални трачеви :D

Lavot
Lavot
13 years ago

Ова не е вест како Анџелина Џоли во Сител, или последната на која наседна искусниот Героски во Плусинфо, дека Грците ќе прават споменик на Дарко Панчев во Атина. Ова е вест од таблоид, шпекулација, која ја презедоа и странски сајтови, не само наши.
http://www.showbizspy.com/article/234674/michelle

psy
psy
13 years ago

се работи за етика на новинарите, како тие работат… ако воопшто може да се наречат новинари :D

Gligor
Gligor
13 years ago

Али најголем фејл за Виктор ќе биде ако Мишел стварно го напушти Барак… Занимавајте се со IT малку, не со хејтање кон другите медиуми. Во текстов забележувам гнев кон другите медиуми, опрајте се :)

Ивана
Ивана
13 years ago

Ова не им е првпат. Најинтересно е што повеќето медиуми не мислат дека може да се најде некој од гледачите со пристап кон Интернет (даа) и да провери било која вест на Гугл, само преведувајќи ги клучните зборови на англиски. Срамно е, навистина. Навредливо. Ви текнува на веста на Сител за Анџелина Џоли дека е исчезната во бродоломска несреќа? Го најавија во днвникот како ударна вест, а всушност беше неточна вест, производ на таков сајт агрегатор на (лажни) вести. И да не го заборавиме холограмот на Сител. :))

Зоц
Зоц
13 years ago

Гледам повеќе сензационализам и шокерај во текстот на ит.ком.мк отколку во веста која ја пренеле македонските медиуми и портали. Не пренеле лажна вест, туку вест од трачарајски магазин кој фино е посочен.

@ViktrArs
13 years ago
Reply to  Зоц

@Zoc Каде го гледаш тоа? Што посочувам како да се провери информација со цел да не се глупираат медиумите. Oбврска им е да пренесат ТОЧНИ информации? Како тоа „не е лажна вест“, значи точно е? Сакаш Сител, А1, Канал5… да објавуваат трачерски муабети? Во ред е да хејташ It.com.mk но барем останатиот дел да ти имаше логика.

@K** Не треба да те интересира Обама, треба да те интересира што медиумите ти даваат како вести. Кој знае до сега колку вакви глупости пренеле како точна информација.

@Lol:) http://0.mk/5d6c

Зоц
Зоц
13 years ago
Reply to  @ViktrArs

@ViktrArs што е хејтот тука? Можеш и ти да ги хејташ нив, ама нема логика да напишеш „пренеле како точна информација“ затоа што пренеле информација во која цитираат извор кој се занимава со трачарија. Колку е релевантен изворот, тоа е друга работа, но во никој случај не можеш да напишеш дека е грешна информација. Сигурно СиЕнЕн нема да се занимава со брани муабети на славни, туку ќе се занимава некој како Globe. И да, од досегашната пракса кога се во прашање познати ликови и жолтенило за нивните бракови, пред СиЕнЕн да напише откако ќе се случи разводот, муабетите секогаш први се појавуваат во вакви таблоиди.

А дека се кромидари .мк медиумите и дека треба да се исшиканираат и да им се одржи лекција по основи на новинарство пошто наседнуваат на лажни вести – никој не порекнува. Тука си апсолутно во право. Само си одбрал погрешна вест за пример.

К**
К**
13 years ago

А зошто нас толку ни бе интересирало за Обама и жена му ?

LoL:)
LoL:)
13 years ago

Многу љут текст :).
"Aх да, тие се повикуваат на Globe магазинот како извор."
Некој сака да збори како амерички тинејџер :)))

Кога ќе размислиш, ништо страшно не се случило. Пренесен е текст од некој медиум. Изворот обично се додава со цел на читателот да му биде дозволено самиот да ја провери веста. Ако почнеме да идеме извор по извор да ги проверуваме…..

Колку ке се смеам ако стварно се разведат у наредни месец два :)

александар
александар
13 years ago

Не ми е јасно што сте се возбудиле толку. Прво, веста никако не можеш да ја "провериш" на Google…односно не можеш на ниту еден друг начин освен реал- тајм- ако се знаеш со Мишел, нејзиниот шофер или некој вратар во Белата Куќа, но во секој случај ако не објавил некој друг не мора да значи дека не е точно. Второ, колку што можев да прочитам сите наши медиуми во првата реченица велат- американскиот таблоид " Globe" објавува бла…бла…бла…. што значи дека од старт на читателите им се става до знаење дека се работи за Таблоид, односно трачарски весник. Не гледам ни лага ни дезинформација…али го гледам просекот на македонскиот читач/ гледач бидејќи веста е една од нај-кликаните на сите информативни портали…

kuzman0v
kuzman0v
13 years ago

Види, ти можеби ќе ја провериш точноста на вестта на интернет, но има многу луѓе (поготово од постарите) што не користат интернет и гледајќи ги овие медиуми ги добива новостите… И сега ако не и кажав на баба ми дека се работи за лажна вест, она уште ќе си мислеше дека стварно се разведуваат.

Можеш и те како да ја провериш на Google. Има доволно моќни медиуми кои би ја пренеле вестта ако беше точна… за тоа ќе имаше цел реферат, не текст од два реда. :)

@vixxamkd
13 years ago

А со тоа се шират дезинформации, а 99% од луѓето кои ги читаат овие вести се потпираат на горенаведените медиуми како главен извор на вести и новости = цела македонија може да биде излажана преку 2 реда текст. #mkfail

Гого
Гого
13 years ago

Globe е трачарски медиум. МК медиумите цитирале вест од трачарски медиум. И?

kuzman0v
kuzman0v
13 years ago
Reply to  Гого

И со тоа пласираат „лажна“ вест и доаѓаме до заклучок дека имаме најфејл медиуми. Не е првпат некој/и од нашите медиуми да паднат на вакви приказни. Ништо не ги кошта да удрат еден срч на гугл и потрошат некоја минута за да ја испитат веродостојноста на вестта.

види ги сите огласи на kariera.it.mk