Semantic Paint е како MS Paint сместен во виртуелна реалност

MS Paint е еден од оние култни софтвери кој сите го знаеме, но никој не му се радува што ќе добие нова верзија во Windows 10. Но, култниот софтвер во своето идно издание ќе биде сместен во виртуелната реалност, благодарение на Windows Holographic.

Microsoft Research лабораторија ја презентираше иднината на Paint, наречена Semantic Paint. Софтверот овозможува во комбинација со сензорите на Kinect, креирање на 3Д-слика од просторијата во која се наоѓате, која може да се обои, и тоа секој предмет посебно. Боењето на сличните предмети со иста боја ќе му овозможи на Semantic Paint да ги препознае сличните предмети. Боењето е уште пооткачено бидејќи е со гласовни команди и додавање на „етикети“ на секој од предметите. За сега Microsoft не го рекламира Semantic Paint како алатка за 3Д-моделирање, туку како софтвер за забава. Но без сомневање некоја понапредна верзија, која најверојатно ќе биде достапна со Holographics, ќе биде далеку поинтересна за сите корисници. Дополнително се поголемата популарност на виртуелната реалност ќе допринесе за поголем интерес и за следните верзии на Paint.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments