PageCloud е технологија која ќе ги остави веб дизајнерите без работа

PageCloud е нов сервис кој може да го поремети веб-дизајнерскиот свет. Сервисот беше презентаран на TechCrunch Disrupt и е еден од финалистите кои се во трка за главната награда, а се работи за технологијата кој преку облак нуди едноставно креирање и промени на сајтови. PageCloud овозможува едностави промени и креирање на нови веб страни преку едноставен Drag & Drop на елементи. Креаторите велат дека доколку занете да користите некој од софтверите како PowerPoint, Photoshop или KeyNote тогаш веќе знаете да креирате сајт со PageCloude. Постои и опција која го конвертира сајтот во мобилна верзија.

„Последниве 10-15 години доколку сакаавте да направите промени на вебстраната, на пример да поместите нешто наоколу, треба да повикате програмер или агенција, и да потрошите стотици или илјадници долари и да чекат неколку дена или недели. Ние сметаме дека ова не е во ред, проблемот е што луѓето кои знаат да го прават ова HTML и CSS – се помалку од еден отсто од популацијата, останатите 99 отсто можат единствено да ги пополнат празните места кои се креирани од програмерот“, директорот на PageClodu, Крег Фицпатрик.

Сервисот помага и доколку немате идеја за креирање на веб страна или не сте талентирани за дизајн. Благодарение на технолохијата, PageCloud може да го собере целиот дизајн на некоj сајт, од изгледот до виџетите и копчињата, и истовремено овозможува целосна контрола за нивна промена. Повеќе податоци за сервисот кој е во бета фаза, може да видите на видеото. Цената на користење на PageCloud за цела година е 75 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk