Изгледа ќе ни се исполни сонот на сите кои уживавме во научно-фантастичните филмови во кои огромни роботи се тепаат меѓу себе. Јапонскиот производител Suidobashi Heavy Industry го прифати продизвикот на MegaBots и наскоро можеби ќе бидеме сведоци на најголема борба на роботи.
„Suidobashi – ние имаме огромен робот, вие имате огромен робот, сите знаеме што мора да се случи. Ве предизвикуваме!“, вели пораката од MegaBots. Двете компании се производители на најверојатно двата најголеми роботи во светот. MegaBot е 4,5 метри висок и тежи шест тони со простор за два „пилоти“. Јапонскиот робот е висок 3,6 метри и тежи 4,5 тони. Без разлика кој ќе победи речиси е извесно дека ќе има одлична забава.
За сега е рано за објавување на датата и локацијата на борбата, но се зборува за настан кој би можел да се одржи за околу една година. Со оглед на тоа дека двата роботи не се автономни, туку со нив управуваат пилот, се надеваме дека нема да има повредни. „Да прифаќаме! Ама знаете потребна ни е борба гради в гради, ако победиме сакам да ги уништиме до старо железо“, одговори Когоро Курат, основач на Suidobashi.







