Сем Алтман проговори за патот кон AGI

На почетокот на 2025 година директорот и соосновач на OpenAI, Сем Алтман, на својот блог ги сподели своите искуства. Објавата е своевидно одбележување на речиси две години од излегувањето на ChatGPT и ретроспектива на деветгодишнината на основањето на OpenAI. Во блогот Алтман споделува податоци за еволуцијата на компанијата, најголемите предизвици и амбициозниот план за развој на општа / комплетна вештачка интелигенција (AGI). Во текстот може да се забележи благодарноста на Алтман за досегашното искуство, но и жалење за дел од грешките во управувањето со компанијата. Сепак, Алтман ветува дека во развојот на комплетната вештачка интелигенција ќе се фокусираат на безбедноста и етичките прашања.

Почетоците на OpenAI и раѓање на идејата за ChatGPT

OpenAI започна да постои во 2015 година со храбра мисија – да креира комплетна вештачка интелигенција која ќе биде придобивка за целото човештво. Во време на основањето, малкумина верувале во изводливоста на идејата за комплетна вештачка интелигенција. Во нејзиниот потенцијално општествено влијание, верувале уште помалку.

Пресвртот се случил со издавањето на ChatGPT на 30 ноември 2022 година. На почетокот ова требало да биде експериментална функционалност „Chat with GPT-3.5“. Функционалноста во рекордно време освои милиони корисници од целиот свет и придонесе за невиден раст. Успехот на ChatGPT ја потврди вербата на OpenAI во трансформативниот потенцијал на вештачката интелигенција.

Лансирањето на ChatGPT имало значително влијание за забрзувањето на плановите на OpenAI. Токму успехот на ChatGPT е главна причина поради која OpenAI е најпрепознатливо име во светот на вештачката интелигенција. За само две години бројот на неделно активни корисници се зголеми од 100 милиони на над 300 милиони. Технологијата покажа некои од потенцијалите на алатките за вештачка интелигенција за отворање на нови можности за поединците и бизнисите и решавање на проблемите од реалниот свет.

„Пред речиси девет години ја основавме OpenAI затоа што верувавме дека може да креираме AGI, и дека ќе биде технологија која имала најголемо влијание во историјата на човештвото. Сакавме да откриеме како да ја развиеме и да обезбедиме широки придобивки; бевме возбудени што може да оставиме наш траг на историјата. Нашите амбиции и нашата верба се дека може да направиме да има придобивки за целиот свет на подеднакво неверојатен начин.“ пишува Сем Алтман.

By TechCrunch – TechCrunch Disrupt San Francisco 2019 – Day 2, CC BY 2.0

Предизвици со скалирање

Еден од најголемите предизвици за тимот на OpenAI  од брзиот раст на компанијата е комплексноста која се јавува кога скалира компанија со популарна врвна технологија. Алтман пишува за растот на OpenAI поттикнат од револуционерната технологија. Брзиот раст на OpenAI не им оставил простор за конвенционални начини на раст или за структурирана обука. Огромните скокови, кои се многу  пати поголеми и побрзи од традиционалните компании создале огромен притисок врз вработените и менаџментот. Грешките биле неизбежни, а конфликтите често се појавувале додека тимот „пловел во непознати води“.

Покрај предизвиците OpenAI останал фокусиран на истражувањето и издавањето, усовршување на пристапот кон безбедноста и прилагодување на тактиката кон новите барања. Дел од блогот се и грешките во управувањето со OpenAI, и секако и моментот кога накратко беше заменет од местото извршен директор. Овој настан е една од причините за заложбите за овозможување на различни перспективи и силно водство. Ова ќе биде од клучно значење во иднина кога ќе треба да се управува со комплексниот развој на комплетната вештачка интелигенција.

Развој на безбедна комплетна вештачка интелигенција

Сепак, веројатно најинтересниот дел од блогот на Алтман не е за минатото на OpenAI, туку за иднината. Тој уверува дека компанијата знае како да развие комплетна вештачка интелигенција. Ова ќе биде исклучителен исчекор за OpenAI, но и многу пошироко. Она што би можеле да го очекуваме уште оваа година се првите „агенти“ кои ќе се приклучат на работната сила

Сега сме уверени дека знаеме како да изградиме AGI како што традиционално го разбираме. Веруваме дека во 2025 година може да ги видиме првите агенти за вештачка интелигенција како „се приклучуваат на работната сила“ и материјално го менуваат производството на компаниите. Продолжуваме да веруваме дека постојаното додавање на одлични алатки во рацете на корисници води до одлични, широко дистрибуирани резултати.

Што се однесува до плановите за иднина, стратегијата на OpenAI е да ја објавува вештачката интелигенција дел по дел, за општеството да има време да се прилагоди. Од друга страна, овој пристап ќе им овозможи да ги согледаат последиците од употребата на нивната технологија и да додадат потребни безбедносни механизми.  Алтман уверува дека OpenAI е посветена да обезбеди дека придобивките од AGI се широко дистрибуирани.

Суперинтелигенција и етичка одговорност

Комплетната вештачка интелигенција останува примарен фокус на OpenAI, сепак Алтман открива дека целите на компанијата се и поголеми – кон развивање на вистинска суперинтелигенција. Тој замислува суперинтелигентни алатки кои може да се користат за забрзување на научни откритија и иновации, со потенцијал за зголемување на глобалниот просперитет.

Сепак, Алтман ги признава ризиците поврзани со таквите достигнувања. Потребата за внимание при примената на овие технологии останува исклучително важна. Тој нагласува дека улогата на OpenAI не е на типична технолошка компанија, туку уникатна организација која се обидува да го пронајде вистинскиот пат за развој технологија која ќе има многу последици.

Целата објава може да ја прочитате на блогот на Сем Алтман.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk