Nvidia претстави свои модели на светот

Најголемиот производител на графички картички во светот Nvidia, претстави два модели на вештачка интелигенција на светот. Моделите може да се прилагодат за различни апликации и се достапни преку API и NGC каталог, Github, и платформата Hugging Face, пишува TechCrunch.

Nvidia го искористи саемот CES 2025 во Лас Вегас, за да ги претстави своите најнови достигнувања во областа на вештачката интелигенција. На 6 јануари, од бината на CES извршниот директор Џенсен Хуанг ги објави Cosmos World Foundation Models (Cosmos WFMs) – модел на вештачка интелигенција кои ги следи физичките законитости на светот, и може да генерира соодветни „вештачки“ податоци, како и Mega Omniverse Blueprint, рамка за дигитални близнаци на индустриски објекти. Овие технологии се насочени кон револуционизирање на роботиката, автономното возење и оптимизацијата на индустриските операции.

„Nvidia го става на располагање првиот бран на Cosmos WFM за симулација базирана на физика и генерирање на синтетички податоци. Истражувачите и програмерите, без оглед на големината на нивната компанија, можат слободно да ги користат моделите на Cosmos под дозволата за отворен модел на Nvidia која дозволува и комерцијална употреба“.

Модели инспирирани од луѓето

Моделите Cosmos WMF се инспирирани од менталните модели на луѓето. Овие модели овозможуваат креирање на реалистични вештачки податоци за користење во сектори како роботика, автономно возење и индустриска вештачка интелигенција. За тренирање на основните модели Nvidia искористила повеќе од 20 милиони часови видео. Cosmos ќе работи заедно со Omniverse платформата.

Cosmos WMF е поделен на три нивоа Nano, Super и Ultra. Моделите може да следат од 4 до 14 милијарди параметри. Cosmos WFM може да симулираат околина и да генерираат податоци од влезови како текст, слики, видео и податоци од сензорите. Тоа ги прави идеални за обука на модели со вештачка интелигенција. Компании како Uber и Wayve веќе го користат Cosmos WFM за развој на автономен автомобили.

„Cosmos учи исто како што учат луѓето. За да му помогнеме на Cosmos собравме податоци од различни јавни и приватни извори и убедени сме дека податоците ги користевме во согласност со законот. Фактите за тоа како функционира светот – се она што Cosmos моделите го учат, а тие не може да се заштитат со авторски права или да бидат во контрола на автор или компанија“.

Покрај основниот сет на податоци кој се користи за тренинг на Cosmos, девелоперите ќе може да додадат сопствени сетови на податоци. На пример видеа од возењата на роботите низ магацините.

Сепак, TechCrunch пренесе дека веќе има тужба против компанијата. Во тужбата се наведува дека Nvidia користела заштитени YouTube видеа за тренинг на вештачката интелигенција.

Дигитални близнаци со Mega Omniverse Blueprint

Посетителите на CES можеа да слушнат од прва рака и за можностите на Mega Omniverse Blueprint. Omniverse е рамка која овозможува креирање на дигитални близнаци на индустриски постројки. „Дигиталните близнаци“ се целосна реплика со исти физички системи. Оваа технологија ќе им овозможи на инженерите да дизајнираат, тестираат и оптимизираат операции и процеси во дигиталниот свет. Кога ќе бидат задоволни со резултатите ќе може да ги применат во погоните.

Kion – оптимизација на капацитет / Image courtesy of Nvidia

„Blueprint“ користи Omniverse Cloud Sensor RTX API со чија помош се отчитуваат податоците од сите сензори во погонот. Во отчитувањето истовремено се регистрираат податоците од сите интелигентни машини во фабриката, што овозможува креирање на веродостојна симулација која може да се користи за „дигиталниот близнак“.

Mega рамката ги интегрира технологиите на Nvidia Omniverse, Isaac и вештачката интелигенција. Овозможува симулација и координација на автономните флоти на роботи во магацини и фабрики.

Рани соработници на Nvidia се Kion Group и Accenture. Тие користат Mega решенија за дизајнирање напредни системи за синџирот на снабдување и индустриски решенија за вештачка интелигенција. Магацините на Kion ги користат дигиталните близнаци на Omniverse за да ги обучуваат роботските системи за оптимална ефикасност.

Nvidia ги замислува дигиталните близнаци како составен дел на иднината на индустриската вештачка интелигенција. Ова ќе им овозможи на организациите да симулираат стотици сценарија и да се прилагодат на динамичните барања на секторот. На пример, навремено прилагодување за сезонските промени или недостатокот на работна сила.

Следен бум на вештачката интелигенција

Со оглед на тоа дека во Nvidia предвидуваат дека роботиката е следниот голем бум, инвестирањето во развојот на оваа вештачка интелигенција не е изненадувања.

Моделите како Cosmos WFM и Mega Omniverse Blueprint ќе имаат голема улога во револуционерниот напредок на роботиката. Вештачката интелигенција може да се користи за симулирање на светот и дотерување на податоците за тренирање на вештачката интелигенција до најситни детали. Со вака генерирани податоци базирани на постоечкиот свет, вештачката интелигенција ќе има можност за генерирање на сите податоци потребни за тренирање на роботите кои може да се користат во производство и во магацини, автономни автомобили, па се до хуманоидни роботи како Атлас.  Џенсен Хуанг смета дека оваа гранка во иднина ќе вреди  повеќе билиони долари.

Иако Nvidia e позната по своите графички картички, во последниов период успеаја да достигнат рекордна вредност од 3 билиони долари, главно благодарение на производството на чипови за  вештачка интелигенција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments