{mosimage} Facebook има над 350 милиони корисници, а од нив скоро 50% односно 175 милиони луѓе се логираат на друштвената мрежа секој ден! Во таа бројка не припаѓаат луѓето кои се логираат користејќе ја Facebook Connect опцијата (како коментарите подолу).
Инаку вкупно има 1.7 милијарди интернет корисници во светот. Тоа значи дека 1 од 5 има профил на друштвената мрежа.
Еве уште малку статистика за активностите на корисниците на најпопуларната друштвена мрежа:
- 35 милиони луѓе си го менуваат статусот секој ден
- Просечниот корисник има по 130 пријатели и праќа по 8 барања за пријателство секој месец
- Просечниот корисник е член на 12 групи
- Секој месец корисникот клика по 9 пати на ‘Like’
- Просечно корисниците оставаат по 25 коментари секој месец
- 3.5 милијарди парчиња содржина се споделуваат секоја недела
- 2.5 милијарди слики се закачуваат секој месец
- Над 700.000 локални бизниси имаат своја активна страна на Facebook
- Над 65 милиони корисници ја користат мрежата преку мобилен
- Секој месец, над 70% од Facebook корисниците користат некоја апликација
- 80.000 веб сајтoви го имаат додадено Facebook Connect на својот сајт, вклучувајќи го и It.com.mk :)
За светскта доминацијата на Facebook јасно говори и оваа
светската мапа на друштвените мрежи.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






