{mosimage} „Технички гик е обично личност која знае од се по нешто, и затоа пријателите и фамилијата го прашуваат него кога им треба нешто.“ вели CainTech.co.uk кој има одлична листа од 64 работи, трикови и „супер моќи“ кои секој гик мора да ги знае. Листата е одлична, пред се, бидејќи скоро сите од советите доаѓаат со линк до некој туторијал или дообјаснување. Меѓу нив има навистина корисни нешта како на пример: како да идентификувате ‘keylogger’, како да ресетирате RAM, како да сурфате анонимно, да го заклучите компјутерот со USB…
Но има и навистина откачени гик совети. Пример, како да го претворите лаптопот во дигитална рамка за слика, како да додадете трет монитор бидејќи „истражувања покажаа дека два дуал монитори ја зголемуваат продуктивноста за 30%, а како гик на вас ќе ви треба трет монитор за да ја надокнадите продуктивноста бидејќи сте лаик“ или пак да научите да го читате 1337 јазикот во нормална брзина.
{mosimage}






