{mosimage} Фондацијата „Метаморфозис“ објави водич за ефикасно користење на разните веб 2.0 сервиси и алатки за интегрирање во социјалните медиуми и нивно искористување за успешна кампања.
„Благодарение на широко распространетата достапност на сите типови на содржини на интернет, сега можете да го зголемите опсегот на вашата онлајн кампања со автоматско и инстантно вкрстено објавување на вашиот блог или веб-сајт на различни веб 2.0 сервиси, како што се макро и микро сервисите за блогирање (Twitter, Facebook, MySpace итн.). Ова е уште еден одличен начин за градење на заедници и поврзување со публиката, а може да има и поголем импакт на вашата кампања, особено за привлекување на вниманието на луѓето кои никогаш не го посетиле вашиот сајт.“ пишува „Метаморфозис“.
Симни го водичот (.pdf) – „Вкрстено објавување за застапување“.
Vkrsteno Objavuvanje Za Zastapuvanje