Сега на Тwitter ќе ги следите и активностите на пријателите

Исто како на Facebook што се следат активностите на пријателите, пример кој со кого станал пријатели или кој кликнал Like на нешто, така сега и на Twitter ќе се следите активностите како кој одбележал омилен твит, кој ретвитуват чиј твит, кој кога започнал да следи…

Првата новина е врзана со вас, како корисник. Претставен е нов таб @корисничкоиме на Тwitter.com страната каде може да се видат сите нотификации врзани со корисникот, кој ве следи, кој ве ретвитувал…

Втората новина е табот Activity кој прикажува разна активност со луѓето кои се следат, пример кој ретвитувал чиј твит, кој кого започнал да следи, кој одбележал како омилен чиј твит… како што е и на Facebook.

Овие новини имаат две предности за користењето на официјалните Twitter страни. Со новиот таб за активности и со опцијата да се закачуваат слики директно преку Twitter, очигледно е дека сервисот за микро-блогирање во 140 карактери има за цел да ги привлече корисниците да го користат сајтот наместо другиот софтвер за твитање, како попопуларните-од-twitter.com TweetDeck, Echofon и слични на нив.

Исто така, сите овие новини ја олеснуваат функционалност на сервисот доколку се користи преку мобилни апликации. Сега сите аспекти на твитањето ќе бидат вметнати во една апликација, од споделување слики до следење на ретвитовите и што прават другите твитерџии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Нелка
Нелка
14 years ago

Само ова не им требаше !

види ги сите огласи на kariera.it.mk