1 коментар 1 мин. читање

Apple се искачи до облаците, за момент стана највредната компанија во светот

Според вредноста на берзата, Apple Inc. за момент го надмина нафтениот гигант Exxon и стана најголемата компанија во светот која вреди 347,3 милијарди долари. До крајот на денот, Exxon успеа да се врати на првото место со вредност од 368 милијарди.

Сепак, ставајќи го Exxon на страна, Apple сега е убедливо највредната ИТ компанија во светот надминувајќи го Microsoft и Intel уште пред 15 месеци.

Apple ќе продолжи да доминира во ИТ светот. За месец-два, зависно од кој извештај му верувате, се очекува да биде претставен новиот iPhonе 5/4s, новиот мобилен оперативен систем iOS 5 и најверојатно нов iPad таблет компјутери.

Тоа што е интересен факт е што Apple дојде до врвот продавајќи само еден мобилен уред, иако не треба да се заборават и другите уреди и софтвер, како iTunes, новиот Lion OS и Mac десктоп компјутерите и секако iPad. И пред Apple имаше мобилни, музички софтвери и лаптопи, но Стив Џобс со само неколку елегантно дизајнирани уреди ги зголеми корисничките очекувања и ги помести стандардите. Дополнително Apple се повеќе работи на облак решенија, спремајќи веб складиште преку кои ќе можат да се синхронизираат iOS уредите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top