Сега на Facebook ќе треба да одобрите пред да бидете означени на слика

Facebook најави голем број на промени во услугите што ги нуди оваа друштвена мрежа, промени кои ќе имаат за цел да ја подобрат приватноста на корисниците. Овие промени требаше да дојдат многу порано, но појавувањето на Google+ и нивната одлична политика за приватност, влијаеше на Facebook конечно да ги послуша корисниците и да превземе нешто во врска со својот најголем проблем – приватноста. Наведените промени ќе бидат достапни за корисниците од четврток.

Една од најголемите промени е тоа што сега ќе можете да одобрите пред да бидете означени на било што и да ви се појави на вашиот профил. При означување на фотографии, до сега можевте да ги означите на фотографии само оние кои ги имате како пријатели, а со новите промени сега е возможно да означувате и луѓе кои ги немате како пријатели. Се разбира, доброто е тоа што сега ќе можете да одобрите дали сакате да бидете означени на некоја фотографија, пред да ви се појави на вашиот профил.

Facebook исто така сега овозможува и повеќе опции кога сакате да се деозначите од некоја фотографија. До сега сè што требаше да направите е да стиснете на remove tag, веднаш до вашето име, и фотографијата ќе се изгуби од вашиот профил. Сега можете да одберете дали сакате да го тргнете означувањето и да ја тргнете фотографијата од вашиот профил, да побарате од личноста која ја закачила сликата да ја избрише, или пак целосно да ја блокирате личноста која ве означила на фотографијата.

Уште една важна промена која ќе ја подобри вашата приватност е можноста на поедноставен начин да одберете кој ќе може да ја види содржината на вашиот профил. Сега имате да одберете три опции: public – секој може да го види вашиот профил (претходно оваа опција се викаше Everyone), friends – само вашите пријатели можат да го видат вашиот профил, и custom, можете да одберете одредена група на пријатели да може да го види вашиот профил.

Претходно моравте да се изнакликате за да дојдете до опцијата за подесување на приватноста. Сега оваа опција се наоѓа веднаш до секоја содржина од која е составен вашиот профил. Оваа опција е достапна и кога споделувате нешто, па така веднаш можете да одберете дали тоа што го споделувате ќе можат да го видат сите, само вашите пријатели, или одредена група на пријатели. Очигледно е дека оваа новина е директно превземена од Google+. Уште една новина директно превземена од Google+ е опцијата View Profile As, која ќе ви овозможи да погледнете како изгледа вашиот профил кога е посетен од некој друг.

Facebook исто така воведе промени и во сервисот Places, кој претходно ви овозможуваше со користење на Places опција на вашиот паметен телефон да се чекирате само на локации во ваша непосредна близина. Сега ќе можете да додавате локации од било каде, без разлика на тоа каков уред користите и дали тоа што го споделувате е статус, фотографија, или пост на ѕид. Кога сме кај локациите, Facebook од сега ќе им предложува на корисниците кога споделуваат нешто да го означат и местото каде се наоѓаат во моментот. Оваа опција ќе може да биде исклучена доколку сакате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments