Сега може да закажувате твитови, но само ако сте огласувач

0 коментари 1 мин. читање

Twitter воведе опција за закажуње на твитови, но таа нема да биде достапна за твитерџиите бидејќи тие, нели, треба да споделуваат информации во реално време, туку е наменета за огласувачите да закажуваат пораки за нивните маркетинг и ПР кампањи. Како што вели друштвената мрежа, опцијата ќе им дозволи на огласувачите да ги ослободат луѓето кои ги следат кампањите ноќ и ден, кога треба да објават пораки во несоодветни времиња, но и да закажат пораки за премиери и настани.

Закажувањето твитови, кое беше достапно само преку трети апликации како на пример Hootsuite, сега ќе може да се направи директно преку преку ads.twitter.com платформата. Може да се закажат и промовираните твитови, односно рекламите, но и твитовите споделени преку профилот на брендот. Твитовите може да се закажат секоја следна минута се до една година однапред.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top