Systems and Materials Research Corporation го направи првиот принтер кој ќе принта пици. Проектот ја чини NASA 125.000 долари, а целта е на астронаутите да им се овозможи да јадат вкусна и свежа храна во Вселената. Принтерот е направен од RepRap 3Д принтер на кој главите за принтање му се заменети со течна храна, а плочата на која се принта е загреана и истовремено ја пече пицата. Засега станува збор за основен рецепт за пица составен од тесто, кечап и сирење, но SMRC најавува дека наскоро се подготвува за покомлицирани пици. Креаторите се надеваат дека во иднина 3Д принтаната храна нема да биде исклучиво за астронаутите, туку дека ќе го пронајде своето место во сите домови.
„Да речеме дека имате спортист во семејството на него му е потребна целосно поинаква исхрана, повеќе протеини. Можеме да креираме различни рецепти за нив и да принтаме похранливи јадења. Истовремено на трудниците им е потребно повеќе железо. Ние може да донесеме повеќе минерали во исхраната.“, велат од SMRC за CNET.
[youtube]0mo7I3Oac-c[/youtube]