Официјално Twitter и посака добредојде на својата најнова аквизиција Bluefin Labs. Водечките ТВ аналитичари на друштвените мрежи ќе му помогнат Twitter во соработка со Nielsen да го изработи и првиот TВ рејтинг според друштвените мрежи.
Аквизицијата е сосем логична со оглед на тоа дека постои поврзаност помеѓу гледаноста на ТВ програмите и твитовите кои се постираат на платформата за микро-блогирање. Исто така, Twitter стана вистински додаток на ТВ програмите кои овозможуваат коментирање во реално време додека трае програмата.
„Во нашиот производ секогаш се вклучени податоците од повеќе друштвени мрежи. Сепак реалноста е таква и токму Twitter е платформата каде се најголем дел од настаните (околу 95 отсто) се поврзани со телевизиската програма. Затоа сме исклучително возбудени што му се приклучуваме на Twitter.“, вели Bluefin Labs.
Несомнено е дека ваквите паметни аквизиции ќе му донесат уште поголема вредност на сервисот кој сега стана и прв избор за рекламирање.