1 коментар 2 мин. читање 5 април, 2012

Сега може да гледате YouTube клипчиња во 3Д

YouTube овозможи за сите корисници и бета тестери да ги гледаат во 3Д сите видео клипчиња кои се закачени на сервисот во 1080p квалитет без потреба да ги претвараат сами во едиторот.

Опцијата се наоѓа до копчето за квалитет на сликата. Откако ќе го одберете највисокиот квалитет на видеото, почнувајќи од 720p, ќе ви се појави 3Д копче кое го притискате и целата слика се приспособува за гледање во 3Д. Од тоа што можевме да видиме, 3Д квалитетот не е којзнае што, но сепак е интересно за гледање. Не очекувајте кој знае колку видеа со тридимензионален квалитет, го најдовме само тоа што YouTube го сподели, но најверојатно во блиска иднина ќе има повеќе видеа со соодветен квалитет и 3Д опција, таман додека си набавите 3Д наочари.

YouТube на својот блог објаснува дека не користи традиционални техники за претворање на 2Д во 3Д видео, туку користи неколку свои методи со кобинација од боја, простор и движење за да креира моноскопска видео секвенца.

Сега се што ќе ви е потребно се 3Д наочари. Сигурно има некаде по ИТ продавниците во Скопје, а може да си ги купите и од Amazon.

[youtube]9jGvCdthQso[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Leo
Leo
14 years ago

Ne funkcionira…

Мени
Заедница
Изглед
To top