1 коментар 1 мин. читање 27 септември, 2011

Сега може да ги споделувате Google+ Circles со пријателите

Google+ најави дека сега може да се споделуваат круговите јавно со своите пријатели. Circles имаат функција да ги групирате своите пријатели за кога ќе споделувате содржина да може полесно да одредите кој да ја види таа содржина.

Но, една од можностите на круговите е и да се групираат луѓето кои ги следите, односно кои не ви се пријатели но сакате да гледате што тие постираат јавно на мрежата. Токму оваа групирање во кругови може да биде корисно да се сподели со пријателите, пример листи од блогери, листи од новинари, фотографи, листи од познати ѕзвезди… Можеби оваа споделување на круговите најдобро би функционирало со бизнис профилите, кои се очекуваат да бидат преставени, а кои од нејасни причини Google ги одоговлекува.

При споделувањето на круговите се јавни само членовите на тој круг, не и името на групата. Името ќе останат приватни.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
vasjap
vasjap
14 years ago

Срцка бе како шпиунски чита :))

Мени
Заедница
Изглед
To top