Цртањето стрипови е форма на поедноставување, вели илустраторот и дизајнер Том Папалардо. „На многу начини, технологијата – посебно таа наменета за корисниците – цели кон истите нешта што илустраторите се обидуваат со години“, вели тој. „Поедноставно, помало, порационализирано“.
Но, за жал на стрипот, Стив Џобс претстави елегантни и мали уреди кои не би можеле да се поедностават и кои не може да се нацртаат. Пример, во обичен стрип зборување на телефон би изгледало вака:

Во смалување на електронските уреди како што изгледаат денес телефоните, тоа би било вака:

Уште поинтересно е ситуацијата со читање вести. Еве како се илустрира кога некој е нервозен од нешто прочитано од печатен весник:

Еве како се илустрира кога нешто е прочитано од iPad. Ситуацијата е комплетно збунувачка, дали ликот е изнервиран од уредот или од нешто на него. А што гледа ликот?

Истото се случува и со помалите слушалки кои се скоро неприметливи во увото, и кои се популаризирани со iPod-oт:

Проблем се и уредите кои имаат неколку намени. Нацртаниот линк не прави апсолутно ништо со нив, освен што ги гледа, па како читателот да знае што прави тој?
„Еден ден наскоро електронските уреди ќе ги снема и оваа тиранија на црни правоаголници ќе заврши, оставајќи ги визуелните раскажувачи на приказни со уште поголем предизвик: свет каде луѓето се смејат, зборуваат и гледаат еден во друг додека нивните нервни импланти ги забавуваат и им продаваат нешто. Тоа изгледа одлично.“, вели илустраторот и дизајнер Том Папалардо.

(Via Wired/Tom PaPpalardo)
Wake Up! Technology is Revolution!
Awesome :)