Сител телевизија објави дека ги воведува „највисоките стандарди при емитување на програмата“, односно ќе емитува во HD (High Definition). Воведувањето на високата резолуција е можно од 1 јуни кога македонските телевизии беа префрлени од аналоген во дигитален сигнал. Сител е првата телевизија која ветува целосна програма во Full HD, додека други македонски телевизии понекогаш емитуваат поквалитетна резолуција, пример Канал5 емитува фудбалски натпревари во HD. Националната МТВ е во тек на префрлување откако пред една година добија нова опрема.
„Малите екрани ќе станат поголеми.“, вели директорот на техника во Сител, Ристо Јовковски,. „Променета е целата опрема. Отсега натаму секоја слика ќе се обработува и архивира во резолуција со висок квалитет (Full HD)“.
Високата резолуција овозможена со дигиталните сигнали ќе понуди далеку подобар звук, подобри бои и секако супериорен квалитет на сликата. Пример, HD резолуцијата е 720p или 1280×720, додека Full HD што најави Сител е 1080p или 1920×1080. Но, HD квалитетот ќе го видат тие гледачи кои имаат HD телевизор. За тие со постари кутии ќе ја добиваат вообичаената слика бидејќи уредите не можат да ја поддржат резолуцијата.
[youtube]KSI5cUJjb1A[/youtube]








Jas MTV HD gledam odamna preku Blizoo
if (sitel) { Die(sitel) === (zaedno so latas) }
Да не има некој информација кога МТВ ќе почне со ХД или пак некоја друга телевизија.А на Сител Џабе им е ова кога само на Макс Тв ги има,и турски серии даваат само.