Сега и подоцна #1: MindSeize и Campfire Cozy Friends

„Сега и подоцна“ е експериментална мини серија од текстови каде на кратко разгледуваме две игри: една игра која е достапна сега и една игра која ќе излезе подоцна!

Достапно сега: MindSeize излезе за PS5!

MindSeize e акциона авантура со Metroidvania инспирирани механики. Во преубав ретро-инспириран sci-fi универзум, ќе пробате да ставите крај на криминалистичката организација The Ascended и ќе пробате да ја повратите свеста на вашата ќерка. За да успеете во тоа, ќе навлезете во адреналинска дводимензионална акција каде користите најразлични оружја и способности за елиминирање на бројните непријатели.

На PS5 по добри 4 години!

Фокусот во MindSeize е на брза, адреналинска акција во невообичаени места. Играјќи во посебен воен и високо-надградлив костим, имате можност да користите најразлични оружја и способности за ефикасно справување со непријателите и од блиску и од далеку. Можете да користите сечило и комбо ударци за повеќекратно елиминирање, како и најразлични огнени оружја.

MindSeize се одликува со четири уникатни планети. Секоја од планетите не само што изгледа различно, туку и ви дозволува да се соочите со впечатливи непријатели и босови. Често, ќе литате бројни дијалози и вешто направени меѓу-секвенци. Добар дел од нив позајмуваат трик два од стриповите и раскажуваат вртоглава приказна за очајна потрага и неизгаслива жед за одмазда.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kamina Dimension
  • Издава: Kamina Dimension
  • Жанр: Metroidvania акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 20 септември 2024

Достапно подоцна: Campfire Cozy Friends ќе ве опушти со помош на вештачката интелигенција

Велат дека ВИ негативно влијае на севкупниот впечаток, особено доколку сте користи во игрите. Но, чедото на Campfire ја користи вештачката интелигенција на ист начин како и ChatGPT, така што ви дозволува да водите впечатливи разговори во еден преував шарен свет од симпатични човечиња.

Campfire Cozy Friends сеуште не е излезена. А, во моментот кога ќе излезе, ќе биде дел од раниот пристап на Steam. Но, од она што ние го искусивме во играта, мора да признаеме дека сме пријатно изненадени. Светот изобилува со каризматични ликови. Благодарение на ВИ, секој од ликовите е воден од параметри кои им даваат уникатни карактеристики, особено во начинот на кој се водат разговорите.

При интеракција со ликовите, можете да комуницирате преку тастатура или микрофон. Отворената природа на разговорите допринесува до длабоки и лични разговори. Во Campfire Cozy Friends не се вие прилагодувате на ликовите: ликовите се прилагодуваат на вас и се надоврзуваат на тоа што вие го кажувате.

Втората силна страна на Campfire Cozy Friends е собирање ресурси, градење најразлични работи, како и уредување на вашиот дом со корисни предмети. Надвор од ова, ќе имате на располагање и најразлична облека и додатоци кои ќе допринесат да исплива на површина вашиот уникатен стил, особено при комуникација со останатите вистински играчи. Campfire Cozy Friends ќе понуди целосно мултиплеер искуство, преку PC, Mac, или мобилни телефони.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Campfire
  • Издава: Campfire
  • Жанр: cozy жанр
  • Платформа: Microsoft Windows, mac, телефони

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk